ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН ЗДРАВ ЖИВОТ

Безглутенска исхрана – Поздрав начин на живот или само уште еден тренд на модерното време?

December 9, 2022 11:59
in PMD, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ
Share on FacebookShare on Twitter

Што е глутен?

Глутенот е протеин кој се наоѓа во одредени житарки.
Поради својата леплива текстура, глутенот му дава на тестото еластичност, а поради една од неговите главни карактеристики – држењето на обликот на тестото, ракувањето со брашното во кое нема глутен е многу комплицирано.

Житарката која најмногу ја користиме во исхраната и која веднаш се поврзува со глутенот е пченицата. Меѓутоа, постојат и поретко користени житарки кои исто така содржат и глутен, а тоа се ‘ржта и јачменот.

Овесот е безглутенска житарка, но бидејќи најчесто се обработува со пченица, се јавува вкрстена контаминација, па иако овесот содржи протеин сличен на глутен, авенин, тој генерално се смета за глутенска житарка. Ретко во прехранбената индустрија може да се најде овес од кој е изолиран глутенот, па пациентите кои боледуваат од целијаклија треба да користат само овес деклариран без глутен.

Што е целијаклија?

Целијаклија е многу сериозно автоимуно заболување, кое долго и тешко се дијагностицира, а бројот на алергични на пченица се зголемува од година во година, особено во најраната возраст. Ним им се придружуваат луѓе чие тело реагира со поблаги симптоми при контакт со глутен и тогаш се зборува за интолеранција.

Најголем проблем се скриените симптоми, кои се вообичаени кога се работи за целијаклијата. Оштетувањето на цревните ресички и појавата на други, често автоимуни болести е најголемиот проблем на луѓето кои боледуваат од целијаклија. Меѓутоа, кога ќе се дијагностицира навреме, луѓето со оваа болест можат да бидат целосно здрави, а нивниот „лек“ е безглутенската исхрана.

Безглутенска исхрана

Проблемот е во тоа што скоро сите прехранбени производи содржат глутен. Затоа, за луѓето кои се на безглутенска исхрана, а особено за оние кои имаат целијаклија, купувањето храна без глутен е многу комплицирано, бидејќи и мала трага на глутен може да предизвика здравствени проблеми.

Декларираните производи без глутен се безбедни, но и значително поскапи. Од друга страна, има многу производи кои не содржат глутен во составот, но тоа не е конкретно наведено. Ова е причината зошто читањето на етикетата е толку важно за секој кој е на безглутенска исхрана.

Фокусирањето на исхраната на месо и зеленчук наместо на тестото е главната карактеристика на безглутенската исхрана. Единствените дозволени тестенини се направени од пченка, ориз, хељда и други житарки без глутен.

Во здравата безглутенска диета би требало пред сè да се консумира што повеќе зеленчук, дозволени житарки (како пченка, хељда, ориз и сл.), протеини (месо и риба), свежо овошје, млечни производи, јаткасти плодови… Исхраната треба да биде разновидна.

Дали безглутенската исхрана е само уште еден тренд на модерното време?

Пред 20-тина години никој не зборуваше за глутенот, а денес тоа е топ тема во областа на здравјето и исхраната. Овој „тренд“ се популаризираше откако светските ѕвезди почнаа да го следат и да го промовираат како нешто што им помага за да ја одржат идеалната тежина, тоа последично доведе до голем број следбеници на безглутенската исхрана.

Најчести заблуди ви врска со безглутенската исхрана

1. Безглутенската исхрана го подобрува варењето

Не постојат докази дека варењето на храната ќе се подобри доколку се исфрли глутенот од исхраната. Целосното исфрлање на глутенот истовремено доведува до намалување на внесувањето влакна, што може да го забави метаболизмот и негативно да влијае врз варењето.

2. Глутенот предизвикува дебелеење

Една од заблудите на безглутенската исхрана е дека таа е само диета за слабеење. Ако користите иста количина на пецива и тесто, но без глутен, нема да ослабете. Глутенот нема никаква врска со килограмите. Губењето килограми зависи од квалитетот и количеството на храна што се внесува, како и од животниот стил. Доколку не водите сметка што и колку јадете, исфрлањето на глутенот нема да направи никаква промена.

3. Храната без глутен е здрава

Друга заблуда за безглутенската исхрана е дека таа по автоматизам е поздрав начин на исхрана. Може да биде поздрав само ако се користи поздрава храна и доколку подготовката на оброците се насочи кон сопствената кујна.
Храната без глутен содржи многу повеќе шеќер, заситени масти и калории од обичните намирници, така што на тој начин може да се внесат повеќе штетни материи. Не постои цврст научен доказ дека со исфрлање на глутенот од исхраната ќе се чувствувате подобро. Може да го исфрлите глутенот, но доколку не сте чувствителни на него, подобро е да не го правите тоа бидејќи може да предизвикате несакани ефекти, како губење на енергијата.

Извор: Агротим

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: безглутенска исхранаглутентренд

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk