ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Под лупата на ДКСК ќе се најдат судии и обвинители кои предвреме положиле правосуден

December 9, 2022 16:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на Меѓународниот ден за борба против корупцијата најави дека ќе ги истражува документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање до сега. Антикорупционерите ќе истражуваат кои судии и обвинители стигнале до функцијата  со прекршување на законот, односно со предвремено полагање на правосуден испит, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска вели дека истрагата ќе таргетира проверка на сите кандидати кои биле во Академијата за јавни обвинители и судии од нејзиното формирање до денеска, со цел да утврдат дали некои од нив предвреме полагале правосуден испит или не. Ова е епилог на скандалот, во кој Антикорупциската комисија не можеше да ги добие сите потребни информации од Министерството за правда.

Во истрагата на ДКСК ќе биде вклучени и сите универзитети, односно колку универзитети како Штуловиот Универзитет во Тетово издале уверенија со кои поинаку го толкуваат фактот – дипломиран правник со што овозможиле некој предвреме да полага правосуден испит. За таа цел ќе биде ангажиран просветниот инспекторат, кој ќе прави проверка и на сите други правни факултети во земјава за период од 2008 до 2012 година, период за кој е веќе направена проверка за Штуловиот универзитет.

„Сега ова е прашањето – ако некој завршил во 2019 а конкурирал во 2014, зошто диплома не приложил, очигледно не добил диплома, ама тоа се наши претпоставки, затоа си бараме точно убаво да видиме од сите аспекти, за да ја расчистиме појавата, затоа што ние си патиме од појави“, вели Ивановска.

До ова дојде откако ДКСК откри дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет кој е дел од Академијата за обвинители и судии предвреме положил правосуден испит. По тоа открија дека 449 студенти од Штуловиот универзитет добиле уверение за дипломирани правници без да ги завршат во целост правите студии.

Антикорупционерите велат дека ќе се проверува и соодносот на уверенија издадени за дипломи и самите дипломи, со што може да се дојде и до сомнеж за издадени фалсификувани дипломи.

За нив одговорноста треба да се бара во институцијата која што ги издава таквите уверенија, потоа во Просветниот инспекторат, Министерството за образование, како и комисијата во Министерството за правда што во тој период ги примила тие документи.

Пренесува: Мета

Tags: ДКСКобвинителисудии
Next Post

Борба против корупција пред 2016-та и сега: „Споредбата со претходната власт е неупатна заради тоа што во тоа време немаше ниту еден предмет“

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk