ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Утрово уапсен специјалниот државен обвинител во Црна Гора

December 9, 2022 10:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН

По наредба на црногорското Специјално обвинителство, утрово во Подгорица беше уапсен специјалниот државен обвинител Саша Чаѓеновиќ.

Во краткото соопштение од Специјалното обвинителство се вели дека Чаѓеновиќ е осомничен за „сторено кривично дело создавање злосторничка организација и повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба“ од средината на 2020 година до 2022 година.

Како што соопшти портпаролот на државното обвинителство Вукас Радоњиќ, тој е уапсен поради сомнение дека во периодот од средината на 2020 до 2022 година сторил кривично дело создавање злосторничка организација и други кривични дела злоупотреба на официјална позиција.

„Специјалното државно обвинителство навремено ќе ја информира јавноста за своите понатамошни постапувања и за состојбата на постапката, а особено потенцирам дека државните органи, медиумите, здруженијата на граѓани, јавните личности и другите лица се должни да се придржуваат до пресумпцијата на невиност и со своите јавни изјави за постапката која е во тек да не ги нарушуваат другите правила на постапката и правата на лицето против кое се води постапката“, истакна Радоњиќ.

Во соопштението не се прецизира за кои конкретни активности е обвинет Чаѓеновиќ.

Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ на црногорската јавност и е познат по судењето за „државен удар“ воден од 2017 година во Вишиот суд во Подгорица, кога меѓу обвинетите имаше руски и српски државјани и лидерите на прорускиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

Обвинението го поднесе Чаѓеновиќ заедно со тогашниот главен специјален обвинител Миливој Катниќ. Во 2019 година, Вишиот суд првостепено ги осуди обвинетите, но Апелациониот суд подоцна ја укина таа пресуда и го врати судењето на почеток.

Обвинителот Чаѓеновиќ и во повторената постапка продолжи да ја застапува тужбата против обвинетите во случајот „државен удар“.

Tags: Саша ЧаѓеновиќЦрна Гора
Next Post
Фото: МВР

Нови закани за бомби во неколку средни училишта во Скопје

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk