ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Енергетскиот сектор во нашата држава е стабилен, така и ќе продолжи

December 14, 2022 13:37
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да се остварат најавувањата и очекувањата на таканаречените енергетски експерти во нашата држава и нема да се случи такво зголемување на цената на електричната енергија, дури можеби во одредени случаи ќе има и намалување на нејзината цена со цел да излеземе во пресрет на граѓаните и на малите потрошувачи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Енергетскиот сектор во нашата држава е стабилен, така и ќе продолжи и оваа криза нема да биде на товар на граѓаните во делот на снабдување со топлинска и електрична енергија. Значи, нема да се остварат најавувањата на „енергетските експерти“ што излегуваат на телевизија, а да не зборувам за опозицијата, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Словенечко – македонскиот форум за економска соработка.

Нагласи дека нема право да ја каже цената на електричната енергија што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, бидејќи се носи на затворена седница на Влада.

-Но, можам да дадам насока како ќе се движи. Има тендерска постапка во која одредена компанија, во овој случај ЕСМ треба да даде понуда…  За да им излеземе во пресрет на граѓаните посебно на тие коишто имаат најмногу потреба, на малите потрошувачи, на микро и малите потрошувачи, таму веќе најавив дека ќе има најверојатно намалување на цената на електрична енергија, потенцира Бектеши.

Истакна дека денеска ќе се случи спојување меѓу ГАМА и Национални енергетски ресурси – НЕР со кое ќе се формира нов правен субјект, ново трговско друштво кое, како што рече,  во иднина ќе го развие системот на гасификација во нашата држава со што ќе стане уште понезависна во делот на снабдување со природен гас.

-Целиот систем на гасификација ќе биде во сопственост на граѓаните преку новата компанија. Заради тоа што во ГАМА 50 отсто беше сопственик Макпетрол, 50 отсто беше државата, донесовме легспецијалис закон во Собрание со што ги купивме сите акции од Макпетрол и требаше да помине процедура за да се спојат овие компании. НЕР е за изградба на инфраструктура, ГАМА беше во делот на преносот на природен гас, сега ќе биде една компанија која ќе биде многу поуспешна, профитабилна и секако дека ќе влијае на независноста на државата во снабдувањето со природен гас, потенцира Бектеши

Tags: БектешиЕнергетски сектор
Next Post
Фото: Wiimedia commons

Политико: ЕУ мора да го искористи геополитичкиот момент на Балканот

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија потпишаа рамковен договор за снабдување со ретки минерали

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го прими телото на заложник според договорот за прекин на огнот

October 28, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk