Министерот за Европа на Обединетото Кралство, Лео Докрти, денеска ќе биде во еднодневна посета на Република Северна Македонија.
За време на неговиот престој во земјава, како што соопшти Британската амбадсада во Скопје, министерот Докрти ќе го посети капацитетот на Џонсон Мети, една од најголемите инвестиции на Обединетото Кралство заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, и ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
Пред посетата министерот Докрти изјави дека му претставува задоволство што прв пат како министер за Европа на Обединетото Кралство ќе ја посети Северна Македонија.
-Нашите земји се блиски партнери и НАТО сојузници, со трговски односи кои се во постојан пораст. Со нетрпение ја очекувам можноста да ја истакнам посветеноста на Обединетото Кралство на нашите односи, вклучувајќи ја поддршката за реформската агенда на Северна Македонија, изјави министерот Докрти