МВР информира дека вчера во Полициската станица Центар бил извршен службен разговор со М.С.(24) од Скопје.
– Тој се сомничи дека во обложувалница на улица „Народен фронт“, каде што е вработен, се послужил со пари коишто му биле доверени и му ги дал на лицето З.К. од Скопје. Во разговорот тој го признал делото и дека во повеќе наврати му дал вкупно 650.000 денари да ги користи за игра на апаратите во обложувалницата, известуваат од МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава