Претседателот на молдавскиот парламент Игор Гросу од владејачката Партија за акција и солидарност (ПДС) изјави дека Молдавија размислува да ја замени фразата „молдавски јазик“ со фразата „романски јазик“ во Уставот.
Романскиот јазик ќе ја замени фразата молдавски јазик во законодавството, во Уставот до пролетта 2023 година. Нема да имаме време да го направиме тоа пред крајот на годинава. Таков настан треба да се случи во историски значаен контекст, изјави Гросу за ТВ каналот „Молдавија-1“.
Спорот околу името на државниот јазик во Молдавија трае од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, кога е создадена оваа постсоветска држава.
Во 2013 година, Уставниот суд на Молдавија одлучи дека државен јазик во републиката е романскиот.
Истовремено, во Уставот стои дека државен јазик е молдавскиот.
Парламентот претходно не успеа да го измени Уставот, според кој државен јазик е молдавскиот.
Прозападните политичари во Молдавија го сметаат молдавскиот јазик за наследство од советскиот период што треба да се отстрани, а меѓу нив е и претседателката на Молдавија, Маја Санду и нејзината владејачка партија ПДС.