ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фамозната Апелација ги рехабилитира братучедите!?

December 19, 2022 13:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Не знам како би го почнал овој текст, ама најдобро би било да го почнам од почеток.Жестоко се боревме, не само за време на Шарената револуција: демонстриравме, со месеци шетавме по мразој и студој, станувавме в зори, гласавме со утринските петли како пензионери, ги донесовме на власт оние луѓе кои борбата ни ги даде. Го решивме спорот со Грција, влеговме во НАТО, почнавме да преговараме со Европјаните, имаме шанса да го решиме и спорот со Бугарите, ама…

Ама имаме кафкијанско судство кое не дозволува правна држава. Ако тоа е невозможно, а по се’ изгледа дека правна држава во оваа земја е невозможна мисија, тогаш се поставува прашањето – дали ние навистина победивме или судската власт, која е третиот столб на моќта во државата (покрај извршната и законодавната) – отворено пумпа за најголемите пробисвети во оваа земја?

Или поточно, дали судиите – како нов феномен во поновата македонска историја – живеат во „вмроовската“ диктатура на плуралитетот? Убаво тоа го смислиле – слободата на говор постои, блебетајте до утре – ама судската власт е на страна на десницата; ако е така, а така е како отворена врата, тогаш не ми преостанува ништо освен да констатирам дека овде напредок, прогрес и европска иднина е невозможна мисија. Звучи дефетистички, ама и реалноста е помалку-повеќе таква.

Судската власт со години во оваа земја е метафизичка власт, а секогаш вели дека ја извршува фактичката состојба на материјалните докази. Црвен бан, почитуван публикуме. Како може да откриеме од каде му се парите на Саша (популарното име во удбашките чаршии низ земјата) Мијалков? Ќе го провери некој потеклото на имот на нашиот „врили патриота“? Не. Зошто? Та немало закон за тоа, та ако му го провериме потеклото на имот, како тогаш ќе направиме „национално помирување“ меѓу нас македонците? Прво не е братски, а башка и не е патриотски, така резонира било кој судија во оваа дозлабога отупавена земја. Сашо ако земал, па земал за Македонија, а не за себе. Зарем не е тоа логично размислување на патриотите?

Абе државата ни ја украдоа, името ни го сменија, идентитетот ни отиде, а вие сте се фатиле за парите, за прекршената постапка, за масовното прислушување на преку 24.000 граѓани. Кој ги врти бе тие граѓани, ние не сме граѓани, ние не сме индивидуи, ние сме македонци, наши, крвни, од 7-ми век, и како такви, имаме многу поважни работи од тоа да вадиме ситни цревца околу некакво прислушување, тие керефеки ионака се измислица на западниот империјализам, сложно констатираат судиите од Апелација.

Приметувате? Што си погоре во хиерархијата, тоа многу повеќе се лаже.

Toa што прислушувањето во Македонија предизвика светски скандал, тоа што ги објаснуваше параноидните мотиви на незаконското прислушување на режимот на Груевски, за Апелациониот суд претставува прекршена постапка? Тоа што преку тајната полиција на Саша Мијалков се контролираа медиумите, тоа што се апсеа луѓе, тоа треба да го заборавиме, а денес да се концентрираме на постапката која била прекршена? Па кој-кого овде отворено „бемба“?

Апелациониот суд не само што прави штета на земјата, туку работи на тоа, претходниот злостор со прислушувањето да се заборави. Како никогаш и’ да не постоело. Апелација сака да зборавиме што братучедите во оваа земја правеа.

Да ве потсетам, Груевски го најави мегаскандалот за прислушување. Како вистински лопов од Алан Форд романчиња: наредуваше масовно да се прислушува, а кога сфати дека не ги држи сите конци в раце, и кога сфати дека од некаде „цури“, ја обвини тогашната опозиција дека има снимки со кои сака да изврши преврат, па уште ја обвинувашe тогашната опозиција дека е дел од шпиунските мрежи. Најголемиот шпиун на Виктор Орбан повикуваше дека во земјата имало шпиунажа? Каква лудница беше тоа, драг публикуме!

Ене го, почитувани, дури и Бранко Героски се „куробреца“ со тези на Груевски дека Заев во оваа земја е за се’ крив. Одам да му го прочитам текстот со наслов за „Прекиот суд на Заев…“, а тамо изнапишал тешки лудила, па уште се жали што бил дел од Шарената ревулуција, Саша бил добар, Заев бил лош. Не ми е јасно само што го попречи да напише уште еден пасус во кој од американците ќе побара Црна листа и за Заев?

Го чекаше да си замине, па не искористи да го мавне. Веројатно сега се чувствува подобро, мавајќи по најголемиот, се обидува да скубне и дел за себе од таа прогресивна слава.

Да завршам. Која сум ви ја будала, почитуван публикуме! И јас верував – а што верував, пишував! – дека судиите се јаки батиња, и дека ако и нив ги ослободиш од стегите на политиката, ќе работат според словото на законот. Навистина бев морален. Ама изгледа Апелациониот суд со тамошните чичковци и тетки последен умира.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АпелацијаМијалковсудска властФамилијаШарена револуција
Next Post

Петровска: Нема реална закана од лажните дојави за бомби, но треба посериозно да се работи на откривање на сторителите

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk