ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Секој човек е роден слободен и еднаков во поглед на достоинството и правата

December 19, 2022 12:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Секој човек е роден слободен и еднаков во поглед на достоинството и правата. Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по повод 21 декември, Денот на настава на турски јазик, во своето обраќање на регионалната конференција „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ.

– Сите луѓе имаат право на живот, слобода и лична безбедност, право на слободно движење и поседување земјиште, како и слобода на мислење и изразување. Секој човек има  право на образование,  право да работи и добива пари за работата, рече министерот

Тој нагласи дека во модерните општествени трендови, особено изминативе три децении јасно се гледа неопходноста на максимално инволвирање на секој член на една заедница во нејзиното конкретно и секојдневно суштествување и дека какви било обиди за изолирање на различноста не носат напредок, напротив тие се кочница, проблем од кој никој нема бенефит.

– Република Северна Македонија од своето осамостојување до денес одлучно ја демонстрираше својата решителност, како држава, како институционален-систем,  постојано, во континуитет да ги донесе и практично имплементира сите позитивни стандарди во сферата на малцинските права, градејќи и етаблирајќи современ и целосно граѓански концепт на уставно-правно уредување кој ќе ги обедини сите, ќе ги мотивира сите, ќе ги мобилизира сите независно од етничкото потекло и припадност.  Негувањето, зачувувањето, почитувањето на различноста не е само работа на норми, култура или на демократичност, туку многу повеќе од тоа, работа на совесност, на духовната ширина да се разбере дека солидарноста или грижата кон другиот всушност е грижа кон самиот себе, додаде Спасовски.

Тој беше дециден дека потеклото не го детерминира просперитетот на една држава, туку сплотеноста за заедничките цели и визии.

– Впрочем, земајќи ја за пример релацијата меѓу македонската и турската заедница дозволете ми да истакнам дека таа, во богатиот етнички спектар на ова наше тло, претставува  врзовно ткиво, длабоко фундирано во културниот, историскиот и општествен развој на нашата историја и држава. Таа позиција изградена со силната лојалност, меѓусебна почит и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, е реален респектабилен пример како треба да се гради и развива граѓанското општество. Се разбира, ниту еден стандард или вредност не се подложни на статичност, а како и би биле кога човекот, општеството, животот се динамични и менливи категории.

Актуелните глобални случувања во изминативе децении и секако во ова време сега, постојано пред нас отвораат нови предизвици кои на проверка ставаат буквално се, вклучително и сегментот за кои денеска ќе се разговара на оваа Регионална конференција, рече министерот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МВРОливер Спасовскичовекови права и слободи

НАЈНОВО

Фото: „Колектив на Бунтовни читателки“

Дваесет и две книги во првиот круг на книжевниот избор „Штефица Цвек“

July 1, 2025

„Од MOБ за Скопје“, гала концерт на 5 јули на Плоштадот Мајка Тереза

July 1, 2025

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk