„Таксират“ е избран меѓу 10 најдобри фестивали во Европа, како финалист во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor festival), на најценетото признание во светот на музичките фестивали, Европските фестивалски награди, информираат од „Пасворд продакшн“.
– Отвореното гласање за 12-тото издание на „ЕФА“ (European Festival Awards) заврши со извонредна поддршка од светската публика, каде со повеќе од 40.000 гласови од јавноста и гласот на стручното жири од музички експерти, избрани се финалистите во главните категории, меѓу нив и македонскиот фестивал „Таксират“ и тоа во најдобрите десет во силната конкуренција од неверојатни 350 фестивали од 35 земји во Европа, појаснуваат оттаму.
View this post on Instagram
Како што се додава во соопштението, победниците од секоја категорија ќе бидат објавени на свеченото церемонијално доделување на Европските фестивалски награди на 18 јануари во холандскиот град Гронинген.
– Со ова признание, „Таксират“ првпат се закити во 2016 година, а годинава пристигнува на адресата на нашиот најголем алтернативен музички фестивал, како уште една причина за славенички да ги започне подготовките за своето следно, 25-то јубилејно издание, а по годинашното најпосетено издание, што заврши неодамна со главната вечер на 7 декември. Имено, годинава повеќе од 27.000 посетители беа дел од импресивната програма со повеќе од 50 концерти, меѓу кои „Дед кен Денс“, Ману Чао, Андре Риу, Бен Клок, „Ај-Ем-ДиДи-Би“, „Хладно Пиво“, „Буч Кесиди“, „Содом“, „Ла Пегатина“ и многу други во рамки на главната вечер, „ПИН“ и „Лузер фест“ на „Таксират 2022“, се наведува во соопштението.
Од „Пасворд продакшн“ посочуваат дека „Европските фестивалски награди“, од своето оформување во 2009 година, се посветени на нивната цел да ги препознаат и прослават колективните успеси на фестивалските организации во музичката индустрија на стариот континент.
– Низ 16 категории, наградите го доделуваат најзначајното меѓународно признание за музичките фестивали и нивните истакнати индивидуи, како за квалитетот, така и за поместување на границите во поглед на професионалноста и посветеноста кон безбедност, општествена свесност, еколошка одржливост и иновативност при организирање на музички фестивали, се додава во соопштението