Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, утрово не дојде на судење за предметот „Титаник 2“. Денешното рочиште беше одложено.
Делото на Мијалков има опасност да застари за четири месеци. Во овој случај покрај Мијалков, обвинети се и четири поранешни членови на Државната изборна комисија.
Поранешниот разузнавач не бил спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува казната за „Империја“ по склучена спогодба.
„Сакам да кажам“ пренесува дека од судот имал уредна покана.
„Има уредна покана од судот за денешното рочиште. Зошто не дојде обвинетиот Мијалков, не знаеме, тоа допрва ќе се истражува“, рекоа од Кривичниот суд.
Судот има и повратница од затворот на Струга, но од затворот им одговориле дека не добиле наредба за спровод на Мијалков.