РТК: Косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите
„Безбедносните експерти во Косово оценуваат дека косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите, но сметаат дека со оглед на чувствителноста и опасноста, не треба да дејствува без целосна координација со КФОР.
Поранешниот командант на косовските безбедносни сили и експерт за безбедносни прашања, Кадри Кастрати, за Радио Косово изјави дека иако косовската полиција има капацитет да ги отстрани барикадите, тој сепак вели дека ова не е едноставна операција, па препорачал институциите постапуваат внимателно.“, пренесе косовскиот медиум РТК.
БОТА СОТ: Уставниот суд на Косово пред 7 години ги објави прекршувањата за Заедниците
На 23 декември 2015 година, Уставниот суд на Република Косово донесе одлука во врска со Заедницата на општини со српско мнозинство. Барањето беше за компатибилност на принципите на овој договор, што до Уставниот суд го испрати тогашната претседателка на државата Атифете Јахјага.
Во одлуката на Уставот беше наведено дека општите принципи не се целосно компатибилни со духот на Уставот, засновајќи се на неговиот член 3 и правата на заедниците во Уставот на Косово.
(Уставниот суд) смета дека правниот акт на Владата на Република Косово и Статутот со кој се имплементираат начелата, да бидат во согласност со духот на Уставот, со член 3 [став 1, со глава II и III, мора ги исполнува уставните стандарди и мора да биде во согласност особено со членовите 3, 7, 12, со Поглавје II [Основни права и слободи], со членовите 21 и 44, со Поглавје III [Правата на заедниците и нивните членови“, се вели во одлуката на Уставниот суд на Република Косово, се наведува во објавата на косовскиот медиум Бота Сот.
КОХА: Од Косовската академија на науките велат дека Албанците христијани биле насилно преобратени во муслимани
Според Академијата на науки на Косово, Србија се обидела да се претстави како „неопходен бранител“ на христијанска Европа од исламскиот фундаментализам на Косово, Босна и Санџак.
„Но, за волја на вистината, Србија никогаш не служеше како „одбранбен ѕид“ на Европа против исламскиот фундаментализам, туку ја злоупотреби оваа параноја на христијанска Европа, ставајќи ги во акција своите тајни служби, за да ги поттикне радикалните исламски струи во Босна и во Косово, со цел да потоа ја користат нивната активност за да привлечат поддршка од САД и ЕУ. Дејтонскиот договор за Босна и „Пакетот Ахтисари“ за Косово се изготвени на тој начин што не дозволуваат нормално функционирање на овие две држави, а во позадина на Србија и даваат улога на чувар и надзорник, да го надгледува радикалниот ислам , во време кога самата Србија ги злоупотребува овие прерогативи за да го опструира и дефункционализира нормалниот живот на земјите од регионот под какви било околности“. – пишува во анализата Академијата објавена на 23 ноември годинава.
Д. Тахири
Извор: ЦИВИЛ Медиа