ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косовската академија на науките го избриша името на Али Ахмети откако го обвини за поделба на Косово

December 23, 2022 15:44
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Демократската унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во својот вчерашен годишен говор, реагираше на анализата од 39 страници на Косовската академијата на науките и уметностите (КАНУ), во која лидерот на ДУИ беше обвинет дека ја поддржал поделбата на Косово.

Ахмети вели дека не се пазари за границите на Косово затоа што тие парчиња земја се крвта на неговата крв.

Неговата изјава доаѓа откако тој во анализа објавена од Академијата на науките и уметностите на Косово беше апострофиран како еден од лидерите на македонските Албанци кој мирно би прифатил поделба на Косово.

„Без разлика на изјавите или анализите  во насока дека наводно сум бил за промена на границите на Косово, јас уште како млад дадов сè од мојот живот за таа независност и за тие граници на Косово и не се пазарам за тие парчиња од земјата што е крвта на мојата крв и крвта на моите пријатели“, изјави Ахмети.

КАНУ сега се повлече од обвиненијата против Али Ахмети. Во претходните верзии, од КАНУ го спомнуваа по име Ахмети, обвинувајќи го дека ја поддржува идејата за поделба на Косово.

„Тој успеа да доминира некои провладини медиуми, успеа да создаде внатрешна поддршка главно преку корумпирани форми на моќ, но не успеа да го промени јавното мислење, кое во голема мера беше против поделбата на Косово. Од друга страна, поддршката што ја доби од некои албански лидери на Северна Македонија (Али Ахмети), дека мирно ќе ја прифатат поделбата на Косово, не барајќи од нив да се приклучат на Косово или Албанија и да не ја распарчат оваа земја, немаше гаранција дека со поделба на Косово, не би се уништил истовремено кревкиот мир во овој „папок“ на Западен Балкан. – се наведува во веќе избришаната верзија на анализата на КАНУ.

Но, името на Али Ахмети веќе не постои во споменатиот параграф.

Вака изгледа едитираниот текст:

„Некои западни дипломатски претставништва оваа околност ја гледаа како „златна можност“ за брзо решение на „косовското прашање“, па зад сцената дадоа поддршка на оваа идеја, користејќи фраза како оваа: ако страните се договорат за решение дури и преку разделба немаме причина да не го поддржиме. Но, како што ќе се види подоцна, ситуацијата на теренот во самото Косово воопшто не беше таква: јавното мислење остана речиси единствено против поделбата на Косово. Од друга страна, поддршката што ја доби од некои албански лидери на Северна Македонија, дека мирно ќе ја прифатат поделбата на Косово, не барајќи да се обединат со Косово или Албанија и да не ја распарчат оваа земја, немаше гаранција дека со таква агенда кревкиот мир во Северна Македонија нема да биде уништен во исто време“, се наведува во едитираната верзија на анализата.

Потсетуваме дека Академијата на науките и уметностите на Косово беше жестоко критикувана во јавноста за извештајот, во кој  ги критикуваше поранешните влади, поранешниот претседател Хашим Тачи, албанскиот премиер Еди Рама, лидерот на ДУИ Али Ахмети, ЕУ, Албанија, Турција, Северна Македонија итн.

Н.А

Извор: ЦИВИЛ Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk