ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: Во „Југохром“ нема нелегални активности, се чисти дренажниот систем на пречистителната станица

December 27, 2022 13:16
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на активностите што се одвиваат во и околу поранешниот индустриски гигант „Југохром“ во Јегуновце, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција во Влада информираше дека станува збор за редовни активности за чистење на дренажниот систем на пречистителната станица, која МЖСПП ја стави во функција токму за да го заштити излевањето на шестовалентниот хром и да ги заштити изворите на Рашче, со што се овозможува нејзино непречено функционирање.

Министерот, по наводите во медиумите дека „со реактивирањето на депонијата се загрозуваат изборите на Рашче“, нагласи дека додека не обезбедат средства за комплетно чистење на историската депонија во „Југохром“ – Јагуновце, МЖСПП ја превзело обврската да ја стави во функција пречистителната станица како некое ад хок решение.

Имено, МЖСПП, како што соопштија оттаму, има склучен договор со „Југохром Алзар“ ДООЕЛ Јегуновце, за обезбедување на континуирана работа на пречистителната станица, која се наоѓа во кругот на фабриката, со цел да се намали загадувањето од историската депонија со шествалентен хром, што се наоѓа на околу два километри од пречистителната станица и е во државна сопственост.

Нуредини нагласи дека откако стапи на функција работи на чистење на „жешките точки“ во државата, истакнувајќи дека во изминатите 40 години никој не преземал ништо да се решат тие проблеми.

– Базенот во пречистителна станица и пумпната станица на депонијата, се преполнети со мил од испумпањете на исцедокот од дренажниот систем на депонијата и со тоа го отежнуваа работењето на пречистителната станица, а воедно ја оштетува и опремата во целиот систем. Со цел решавање на проблемот и заштита на загадувањето од шествалентен хром на околината и пошироко и спречување на излевањето на загадената вода на површина, МЖСПП објави тендер за чистење на базенот и пумпната станица под депонијата. Како изведувач на јавната набавка се избра компанијата која поседува дозвола за управување со опасен отпад ЕЗО-ТЕХ ДОО Скопје, образложија од МЖСПП.

Од Министерството нагласија дека одговорно тврдат дека тоа што се испушта е милта која е собрана во дренажниот систем и се враќа на самиот извор од каде доаѓа, како единствен безбеден начин. Значи, како што појаснија, милта се враќа на постоечката депонија.

Next Post

Тајван го продолжува задолжителниот воен рок

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk