Во Собрание денеска се одржа средба на Клубот за младински прашања и политики со која започна консултативниот процес за новиот Предлог-закон за регулирање на средношколското организирање и учество.
Пратеничката од редовите Либерално демократска партија, Моника Зајкова, која е координатор на Работната група што ќе работи на овој Предлог-закон, информира дека досега се доставени сите предлози и коментари и дека следен чекор е да се усогласат содржината на предложените законски решенија и коментарите и забелешките на пратениците, доколку ги има.
Според неа, предлог-законот има за цел да овозможи формално организирање на сите ученици во средните училишта. Целта на ваквиот предлог е повеќе да биде слушнат средношколскиот глас.
Унијата на средношколци е предлагач на овој закон, а целиот процес го води Клубот за младински прашања во Собрание.