ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Битиќи: Ако е потребно ќе ги замрзнеме цените, ќе креираме и нови мерки за најранливите категории

December 28, 2022 13:36
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска  најави дека ако е потребно ќе ги замрзнат цените на одредени производи, како и дека ќе креираат мерки за помош на најранливите категории граѓани и по март следната година кога истекуваат постојните.

– Иако се залагам за целосно либерализирана пазарна економија, ако е потребно ќе ги замрзнеме цените бидејќи граѓани заслужуваат да се однесуваме етички во овие моменти солидарно кон заедничкото  справување со кризата, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемувањата на цените на храната и на електричната енергија.

Вицепремиерот истакна дека тоа што се обиделе да ги намалат сите импути кои дефинираат цена на краен производ во прехранбениот сектор и во енергетиката, веќе ги дава резултатите.

– Веќе се даваат првите резултати на враќање на одредено ниво на цени на основните прехранбени производи. Лично не сум задоволен од брзината на која рагираат сите, сметам дека можеа солидарно побргу тоа да го направат зашто во криза сите се погодени и сметам дека затоа целосно поддржувам воведување нов данок за екстра добивка бидејќи тоа е еден начин како кон одредени структури треба соодветно да се однесуваме. И наредната година ќе биде период на криза, рече Битиќи на прес-конференција во Владата.

Околку енергетската енергија, тој смета дека успеал да осигураат и да не дозволат зголемувањата да бидат енормни до ниво на пазарни цени.

– Ме радува тоа што ЕСМ гарантира дека следната година производството на струја не само што ќе биде зголемено туку ќе се врати во најдобрите години од пред 20 години можеби кога тоа не се случило некогаш во нашата држава и сето тоа во кризна година и затоа мислам дека секое едно поместување на цените и еден посто некогаш за одедени категории на граѓани боли, за најранливите ќе креираме мерки за да им помогнеме да се справат. Активни се мерките кои ги воведовме. Ќе продолжиме и од март кога истекуваат, да креираме нови мерки за најмалку да го осетат најранливите категории граѓани евентуалното зголемување на цени, додаде Битиќи

Tags: Вицепремиер за економски прашањаФатмир Битиќи
Next Post

Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Грција

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk