ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хуманитарна акција за Марко Здравковски во Хотел Монтана во Крушево

December 31, 2022 09:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Хотел Монтана – Крушево во период на зимската сезона додека е зголемен капацитетот на посетители и гости за време на Предновогодишните и Божиќни празници па се до крајот на Јануари се поставени кутии за донации наменети за лекување на 25 годишниот Марко Здравковски на кого му е дијагностициран канцер на хранопровод во четврти стадиум метастазиран и на белите дробови. Тимот на Хотел Монтана апелира овој пример да го земат сите угостителски објекти и да се вклучат активно во хуманитарниот подвиг кој значи живот за младиот Марко.

Повикот и покажување на хуманата страна преку соопштение до медиумите го пренесуваме во целост:

Почитувани другари, пријатели, познаници, луѓе пред сè благодарни сме што се одваживте да го споделите и раширите апелот и повик на социјалните мрежи за помош и хуманост за нашиот другар Марко Здравковски на кој му е дијагностициран 4 стадиум канцер на хранопровод со метастази на белите дробови!

Ги повикувам сите фирми и компании кои се сметаат за општествено одговорни да се одважат и да донираат симболичен дел од својот буџет за лекувањето на Марко Здравковски!

Ги повикувам сите владини и невладини организации да се приклучат кон овој подвиг и придонесат со својата хуманост!

Воедно ги повикувам сите угостителски објекти да го следат примерот на Хотел Монтана, Блок Кафе, Љубовна Куќичка и многу други, во следниот период околу Божиќните празници додека капацитетите се исполнети во своите локали да постават кутии за донација кои ќе одиграат сериозна улога во помошта и лекувањето на Марче.

Исто така јавен повик до сите спортски организации, клубови, спортски работници, спортисти, навивачки групи да одиграат барем еден натпревар во дресот на Марко и да ги донираат средствата од картите. Барем можеме да се пофалиме дека ние спортистите сме со големо срце. #МЗТСкопје, #Работнички, #Вардар, #Пелистер, #Алкалоид, #Шкупи, #ФемилиАеродром, #СитиПаркБојс, #Комити, #Чкембари ! Да дадеме поддршка пред најважниот и одлучувачки натпревар на Марче!

За крај Ви благодарам на сите хумани луѓе кои досега го дадоа својот придонес и помош кон остварување на целта. Можеби како нација сме тешки на договор по било кое прашање, но знам дека како нација во вакви моменти сме сплотени повеќе од било кои други на светот, сме докажале дека можеме, да докажеме и покажеме и сега затоа што Марче заслужува здрав живот и заслужува шанса!!!

Денарска сметка за донација
• 250500023957049
SPARKASSE BANK
Шифра: 562

? А1: 143 485
? Телеком: 143 434

#АктивирајСеДонирај

Tags: донацииМарко Здравковски
Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Претпазлив поглед кон иднината

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk