Киев денеска објави дека неговите сили убиле или раниле околу 500 руски војници во артилериски напад во областа Херсон, јужна Украина.
„Непријателските загуби изнесуваат 500 мртви и ранети“, објави украинскиот Генералштаб во извештајот за нападот кај селото Чулакивка на новогодишната ноќ.
Како што пренесува агенцијата Хина, не е можно да се проверат овие бројки од независни извори, а двете страни често објавуваат високи бројки за загинатите на страната на непријателот.
Генералштабот додаде дека еден ден подоцна руските сили биле нападнати и во селото Федоривки. Не е познат бројот на жртвите.
Овие села се наоѓаат на југоисточната страна на реката Днепар во Херсонската област под руска окупација