Веста која го заокружи вчерашниот ден на албанските медиуми беше лансирањетово вселената на сателитите Албанија 1 и Албанија 2 од базата на Кејп Канаверал во Флорида, САД, ракетата Falcon 9, заедничката мисија на SpaceX Transporter 6, додека во Косово, Србите на северот најавуваат протести против, како што велат, политиките на Вучиќ и „Српската листа“. Овие две теми се дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот во текот на вчерашниот ден и утрово.
ТОП ЧАНЕЛ: Сателитите Албанија 1 и Албанија 2 го започнаа патот кон вселената
„Сателитите Албанија 1 и Албанија 2 го започнаа својот пат кон вселената.
Веста ја соопшти самиот премиер Рама преку видео во живо на својата Фејсбук страница каде се следи лансирањето на ракетата Falcon 9, која е заедничка мисија на SpaceX Transporter 6 која ги транспортира и сателитите Албанија 1 и Албанија 2.“, пренесе албанскиот медиум ТОП ЧАНЕЛ.
БОТА СОТ: Револтирани од Вучиќ и Српската листа, Србите на север организираат протести
„На 9 јануари, во северниот дел на Митровица е планиран протест на Србите незадоволни од политиката на Српската листа и српскиот претседател Александар Вучиќ кон Косово.“, пренесува косовскиот дневник Бота Сот.
ГАЗЕТА ЕКСПРЕС – Рашиќ: Јас сум среде конфликтот Приштина-Белград
„Министерот за враќање и заедници, Ненад Рашиќ, изјави дека неговото политичко мислење не се согласува со позициите на Владата на Србија или на Владата на Косово.
Рашиќ вели дека секогаш се труди да биде умерен политичар, но сега се нашол во средината на конфликтот меѓу Белград и Приштина.“, пренесува косовскиот дневник Газета Експрес.
КЛАН МАКЕДОНИЈА: Сметките за струја ги затворија занатчиските работилници во Старата скопска чаршија
„Економската криза, поскапувањето на струјата уште повеќе ја отежнува работата на занаетчиите во старата скопска чаршија. Цената на сметките за струја им е двојно зголемена, а дел од нив размислуваат да ги затворат дуќаните доколку Владата не им помогне.“, извадок од статија на KlanMacedonia.
ГАЗЕТА ЕКСПРЕС – Декалог: Што ќе се случи годинава?
„Асоцијацијата денес е последниот механизам за зачувување на уставното тло на северот, па оттука и виталниот национален интерес на Косово. Албин Курти е на тешки маки да им го продаде тоа на Косоварите, затоа подигнува сосема непотребни и опасни тензии.“, извадок од едиторијалот „Декалог: Што ќе се случи годинава?’ од Халил Матоши, објавен во косовскиот дневник Газета Експрес.
Д. Тахири
Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0