Во еден дел од интервју што е објавено на официјалната веб страница на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски вели дека бил: „важен, центарот, оската на ротација, сите ротираат околу вас, сите светла се вперени кон вас“.
„Да заклучам, тоа ме прави важен. Да сте центарот, оската на ротација, ве прави важен бидејќи сите ротираат околу вас, сите светла се вперени кон вас. И тоа е добро. Затоа што кога не сте важен тогаш нема што да бидете во фокусот, нема да сте оска на ротација“, вели Мицкоски.
На ова се надврзува коментар на Твитер кој за Мицкоски вели дека е самобендисан, кој не го ни крие сопственото его.
Која самобендисана будала, дури и Грујо се трудеше да го сокрие егото ? #шпиценградоначалник pic.twitter.com/SoeuzQcfbr
— Johnson & Johnson (@jonsonorjonson) January 5, 2023
Која самобендисана будала, дури и Грујо се трудеше да го сокрие егото, пишува во кометарот на Твитер.