ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Да обезбедиме политички консензус за европската иднина на земјава

January 9, 2023 12:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Сега најважно е сите заедно да останеме доследни на нашата стратешка цел, и да обезбедиме продолжување и континуитет на преговорите со ЕУ. За тоа мораме да се обединиме околу прашањето за европската иднина на земјата и со политички консензус да им обезбедиме на граѓаните стабилност, просперитет, нови можности и европски стандарди и функционирање на државата врз европски принципи и вредности. Мислам дека сите тоа го сакаме за државата, за сите граѓани и генерациите кои доаѓаат и треба да го потврдиме на дело.

Ова го нагласи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграции во македонскиот Парламент, на кој шведската амбасадорка Ами Ларсон Јаин ги претстави приоритетите на претседавањето на Шведска со Советот на ЕУ.

-Следниот период нè чека интензивна трансформација на македонското општество, подготовка на Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, завршување на скрининг процесот, Извештаи од истиот, поединечно за секој Кластер, што ќе бидат основа за ревизија на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и креирање на приоритети во спроведувањето на истата. Имаме доволно време и простор успешно да ги завршиме уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од наш политички фактор, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност, порача Маричиќ.

Тој изрази очекување сите да се на ниво на својата задача, а највеќе, како што рече, очекувам од институциите и од Собранието, да преземат одговорност и да покажат проактивност, за брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда и во 2030 Северна Македонија да ја внесеме во Европската унија.

-До 30 јуни 2023 година, ќе работиме рака под рака со Шведска на сите клучни теми и предизвици кои ги носи и ги наметна војната во Украина. Само со единство можеме да придонесеме во напредокот на нашата европска иднина и иднината на Европа. Убеден сум дека ќе успееме овие шест месеци да
ги искористиме за напредок и интензивирање на реформите, а во следните шест, за време на шпанското претседателство, ќе го осигураме процесот на преговори со ЕУ и европската иднина на земјата, со што Северна Македонија влегува во следната фаза на евроинтеграциите и ќе ја одржи втората Меѓувладина седница со ЕУ, посочи тој.

Тој потсети дека за време на чешкото претседавање, Северна Македонија после 17 години го направи историскиот чекор на патот кон ЕУ – ги започна преговорите со ЕУ и оти вистински поместувања во евроинтеграцијата на регионот се направија со добивањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина и апликацијата за членство во ЕУ на Косово, што е потврда, како што рече, за вистинската посветеност на Чешка на агендата за проширување на ЕУ.

-Очигледно е дека војната во Украина поттикна заживување на политиката на проширување на ЕУ. Безбедносната криза потврди дека обединетоста е клучот за стабилноста на Европа и регионот, но и покажа дека Северна Македонија е кредибилен и вистински партнер на ЕУ, со сто процентна усогласеност со европската надворешна политика. Ме радува фактот што и Шведска останува посветена на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, како и на безбедносната состојба во регионот, која е особено важна и за ЕУ, истакна тој.

Маричиќ повтори дека една од главните цели на шведското претседателство е завршување на преговорите за климатскиот пакет „Подготвени за 55 проценти“.

-Со потпишувањето на Софиската Декларација за Зелената Агенда за Западен Балкан, Северна Македонија, како земја кандидат за влез во ЕУ, ја потврди својата посветеност и заложба кон остварување стратешката определба на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година. Преку имплементација на активностите од Зелената Агенда, кои истовремено се дел од ЕУ интегративниот процес на земјата, сметам дека ќе се придонесе кон остварување на амбициозните среднорочни цели на ЕУ за намалување на стакленичките гасови до 55 отсто до 2030 година, односно кон крајната визија на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година, рече тој.

Маричиќ додаде дека Шведска отсекогаш била наш силен поддржувач на европскиот пат и наш партнер во постигнувањето на европските стандарди дома, а потврда за тоа е нејзината децениска присутност во Северна Македонија преку континуираната помош во спроведувањето и постигнувањето на европските стандарди дома.

-Во моментов, Шведска е единствена членка на ЕУ која има билатерална развојна помош во земјава, а во последните неколку години во рамките на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, поддржан од Шведска и Норвешка, се обезбеди значителна помош за спроведување европските реформи во земјата. Во рамките на проектот се ангажираа и национални и меѓународни експерти кои беа вклучени во подготовката на околу 100 закони и подзаконски акти, во кои се транспонираат конкретни ЕУ мерки, се изготвија повеќе анализи и документи за политики и се спроведоа повеќе обуки. Дополнително, во моментов се реализираат и грантови за поддршка на граѓански организации и медиуми за спроведување на активности за подигање на јавната свест и приближување на процесот до граѓаните, што е особено важно во време на зголемен број на лажни вести и дезинформации, рече Маричиќ

Tags: Бојан МаричиќЕУСеверна Македонија
Next Post
Дејвид Гир. Фото: МИА

Гир: Времето до изборите во 2024 година да се искористи за суштински реформи

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk