Интернет-порталот „Глобал фајерпауер“ ја објави најновата листа на 145 земји рангирани според нивната воена сила за 2023 година. На листата за воената моќ на државите, Македонија оваа година е позиционирана на 108-та позиција, што во споредба од лани е напредок за македонската армија за цели 27 места на листата за воена способност и моќ на армиите во светот.
Како што е наведено на веб-страницата „Глобал фајерпауер“ повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.
Кога станува збор за регионот, Србија е најмоќна во регионот и е на 58. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, Северна Македонија на 108. место, Црна Гора на 128. и Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата. Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15. место.
Global Firepower Index: What Gemany doing? pic.twitter.com/Wsn895XEoM
— EinNiederländerbeiPzgrenbrig37 (@nld_37) January 7, 2023
За потсетување, Македонија досега само седум пати беше вбројувана во рангирањата на „Глобал фајерпауер“. Првпат во 2017 г. сајтот ја рангираше нашата војска на тогаш највисокото 116-то место на листата на држави. Наредната 2018 година, АРСМ беше сместена пониско за шест позиции, односно беше поставена на 122-то место на табелата. Во 2019 година, АРСМ беше сместена пак на 118-то место, додека во 2021 таа беше позиционирана на 133-то место на листата на „Глобал фајерпауер“.
Ова е највисок скок во позиции кога станува збор рангирањето на македонската армија што се должи на вложувањето и модернизацијата во одбраната, зголемувањето на буџетот на земјава за оваа намена како и влегувањето во НАТО сојузот.
Хронологија на рангирањата на македонската армија
Година и позиција на табелата
2023 – 108.
2022 – 135.
2021 – 133.
2020 – 127.
2019 – 118.
2018 – 122.
2017 – 116.
Извор: Слободен печат