ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Напредок на македонската армија на светско ниво по воената сила

January 9, 2023 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интернет-порталот „Глобал фајерпауер“ ја објави најновата листа на 145 земји рангирани според нивната воена сила за 2023 година. На листата за воената моќ на државите, Македонија оваа година е позиционирана на 108-та позиција, што во споредба од лани е напредок за македонската армија за цели 27 места на листата за воена способност и моќ на армиите во светот.

Како што е наведено на веб-страницата „Глобал фајерпауер“ повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Кога станува збор за регионот, Србија е најмоќна во регионот и е на 58. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, Северна Македонија на 108. место, Црна Гора на 128. и Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата. Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15. место.

Global Firepower Index: What Gemany doing? pic.twitter.com/Wsn895XEoM

— EinNiederländerbeiPzgrenbrig37 (@nld_37) January 7, 2023

За потсетување, Македонија досега само седум пати беше вбројувана во рангирањата на „Глобал фајерпауер“. Првпат во 2017 г. сајтот ја рангираше нашата војска на тогаш највисокото 116-то место на листата на држави. Наредната 2018 година, АРСМ беше сместена пониско за шест позиции, односно беше поставена на 122-то место на табелата. Во 2019 година, АРСМ беше сместена пак на 118-то место, додека во 2021 таа беше позиционирана на 133-то место на листата на „Глобал фајерпауер“.

Ова е највисок скок во позиции кога станува збор рангирањето на македонската армија што се должи на вложувањето и модернизацијата во одбраната, зголемувањето на буџетот на земјава за оваа намена како и влегувањето во НАТО сојузот.

Хронологија на рангирањата на македонската армија

Година и позиција на табелата

2023 – 108.
2022 – 135.
2021 – 133.
2020 – 127.
2019 – 118.
2018 – 122.
2017 – 116.

Извор: Слободен печат

 

Tags: воена силаГлобал фајерпауермакедонска армијамодернизацијарангирање
Next Post

Агелар: САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети, како што е борбата против корупцијата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk