ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собраниските комисии го ратификуваа Договорот за ФРОНТЕКС

January 10, 2023 12:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно беше поддржана потребната за донесување на законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС склучен меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Пред членовите на Комисијата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот конечно беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.

– Додека да се операционализира Договорот од ФРОНТЕКС веќе ги добивме писмата и продолжува билатералната акција која ја имаме со неколку држави од ЕУ и од регионот за обезбедување на нашата јужна граница каде имаме некаде околу 160 полициски службеници од држави земји членки и од регионот, а од регионот е Србија. Така што ова ќе биде еден преоден период во којшто ќе можеме сите подготовки коишто се оперативни да ги завршиме и конечно да се започне со имплементацијата на Договорот, рече Спасовски.

На прашањето од претседателот на Комисијата Антонио Милошоски за тоа дали постојните билатерални ангажмани на полициски службеници и безбедносни сили од ЕУ-членки кои се ангажирани на јужната граница ќе бидат заменети со тимови на ФРОНТЕКС, Спасовски рече дека Договорот склучен со ФРОНТЕКС не ги исклучува овие билатерални договори, туку, вели, започнале и процес на склучување анекси на постојните договори со цел да се доуредат одредени прашања.

Министерот за внатрешни работи додаде и дека до крајот на 2023 година се обезбедени финансиски средства и полициски службеници кои ќе учествуваат во овие билатерални акции и врз основа на потребите ќе се цени бројот на полициски службеници којшто ќе биде ангажиран на основа на оперативниот план на ФРОНТЕКС по што ќе се знае дали би продолжиле и дел од билатералните акции.

Пратеничката од НСДП Соња Мираковска меѓу другото потенцира дека Договорот за ФРОНТЕКС е потпишан и составен на 25 јазици меѓу кои и на македонскиот јазик со што, според неа, уште еднаш се потврдува дека македонскиот е дел од европските јазици. – Со тоа стравовите кои се наметнуваа на граѓаните се непотребни. Ние ќе го сочуваме нашиот јазик и идентитет. Ова е првиот пример за тоа и тоа претставува успех, рече Мираковска.

Договорот со ФРОНТЕКС ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите при ненадејно брзо влошување на состојбите, а се овозможува и сигурна размена на информации и податоци, односно оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор и сателитски снимки и слично за спречување на прекуграничен криминал и илегална миграција.

Предлог-законот за ратификација на Договорот со европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) покрај на матичната Комисија за надворешна политика, беше одобрен и од Законодавно-правната комисија. Законскиот предлог за ратификација на Договорот за ФРОНТКС е ставен на дневен ред на денешната пленарна собраниска седница

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Договорот за ФРОНТЕКСЕвропската УнијаКомисија за надворешна политикаОливер СпасовскиРепублика Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk