Композиторот Златко Ориѓански на својот профил на Фејсбук објави дека во негова посета во Тирана и македонскиот Културно информативен-центар, чиј директор е тој, ги пречекал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и првиот вицепрмеиер Артан Груби.
„Фантастичен почеток на новава година. Во посета на нашиот Културно информативен центар во Тирана, дојде господинот Али Ахмети, заедно со вице премиерот Артан Груби и нивните помошници, Арбр Адеми и Фатон Ахмети. Имавме прекрасен и длабок разговор на многу теми, вклучително и за нашиот пат кон Европската унија. Благодарам на посетата и големата почит кон мене и мојата работа овде“, објави Ориѓански на својот Фејсбук профил.
Ахмети и Груби синоќа присуствуваа на заедничка средба кај албанскиот премиер Еди Рама заедно со лидерите на албанските партии од Северна Македонија – Алијанса за Албанците, Алтернатива и ДПА.
Културно информативниот центар на РСМ во Тирана е отворен на 11 јуни 2021 година, а од самиот почеток го води Ориѓански.
Н.А
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА