ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пријавувањето за избор на најдобри домашни е-трговци „Ecommerce Awards 2022” е во тек

January 11, 2023 10:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е пријавувањето за изборот на најдобрите домашни е-трговци „Ecommerce Awards 2022”. Изборот се организира втора година по ред, а целта е, покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, и поттикнување, како и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина.

Пријавувањето за изборот е бесплатно и ќе трае до петок, 13 јануари, до 23:59 часот.

Како што велат од Македонската е-commerce асоцијација, преку изборот ќе бидат наградени и препознаени најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Тие ќе се одбираат во 23 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-продавници по сектори и Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање. Дел од категориите во кои ќе се натпреваруваат е-трговците се: „Најдобра новоотворена е-продавница“, „Е-продавница за храна и пијалаци на годината“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Најдобар верифициран е-трговец“, а главната награда е резервирана за категоријата „Е-трговец на годината”.

Преку официјалната веб-страница на натпреварот до сега се пријавиле повеќе од 100 македонски е-трговци. По завршувањето на пријавувањето и објавувањето на номинираните е-трговици ќе следува гласање од јавноста кое ќе трае до 15-ти февруари, како и гласање од жири комисијата составена од внимателно одбрани стручни лица со цел да ги изберат најдобрите е-трговци. По собирање на поените добиени од публиката и од стручното жири, ќе се направат финални ранг листи со победниците во секоја категорија. Доделувањето на наградите на најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одвива на свечен настан во март 2023 година. На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени над 150 домашни е-трговци и беа собрани над 5000 гласови од јавноста, а беа доделени вкупно 30 награди во 18 категории.

-Македонската е-трговија постигна значен прогрес во изминатиот период, во главно поттикнат од КОВИД-19, но улогата и заложбите на АЕТМ дојдоа уште повеќе до израз бидејќи многу работеше на трасирање на патот за е-трговија и на пдготвеноста на компаниите за предизвиците од пандемијата. Во 2021 забележавме значаен раст во вредноста и бројот на трансакциите особено кон домашните е-трговци, во главно поттикнат од COVID-19 кој ја промени структурата во полза на домашните е-трговци. Позитивно е што и во 2022 година иако со забавено темпо тенденцијата на раст продолжува. Исто така позитивно е што иако со враќање на животот во нормала и можноста за слободно меѓугранично движење сеуште македонските е-купувачи најмногу купуваат од домашни е-трговци. Натпреварот „E-commerce Awards” го организираме по втор пат токму со цел да ја препознаеме и наградиме напорната работа на домшаните е-трговци, да ја подигнеме свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикнеме зголемување и унапредување на понудата во е-трговијата, вели Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

Сите македонски е-трговци кои сакаат да бидат дел од овој натпревар кој има цел да ја препознае, награди и промовира нивната извонредна работа може да се номинираат за избор меѓу најдобрите со пополнување на пријавата на овој линк.

Иницијативата „E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

Детали за натпреварот може да се прочитаат на https://ecommerceawards.mk/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Ecommerce Awards 2022”е-трговци

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Дали по „раскинувањето“, Трамп ќе го депортира Елон Маск?

July 2, 2025

Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

July 2, 2025

Пензионираните пилоти на „ер тракторите“ повторно ангажирани за гаснење пожари

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk