ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ристевски: Муцунски ја задолжува Општина Аеродром со обврзница од 5,4 милиони евра со непозната камата

January 12, 2023 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тимчо Муцунски ја започна постапката за задолжување на Општина Аеродром со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција, Милутин Ристевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром.

„Во моментов познато е дека долгот ќе се враќа следните 10 години со камати. Не е позната висината на каматните стапки и нема никаква гаранција дека сметката на Општина Аеродром нема да биде блокирана како што беше сметката на Општина Карпош до пред само 5 години“, вели Ристески.

Тој прашува: Нејасно е и кој ќе ја купи обврзницата, дали на овој начин фирми кои на пример се бават со градежништво, можат да ја купат обврзницата? Дали на овој начин општината станува зависник од големи компании кои после ќе нарачуваат Детални урбанистички планови за нивни интереси?

„Од одлуката која ја изгласа ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината се гледа дека со овие средства планирана е изградба на 2 и пол градинки, а не 4 како што Муцунски ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби на училишта и точно 0 нови училишта.

Слушнавме дека се планираат 2 нови градинки во населба Лисиче и кај кулите на Џевахир. Останува нејасно дали ќе се изградат ветените градинки во Мичурин, Острово и Долно Лисиче.

Со ова задолжување ниту еден проблем не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинг простор, ниту потребата од развиена мрежа на улици и велосипедски патеки.

Дополнително, овие средства се предвидува да бидат искористени и за покривање на неспособноста на самопрогласената „најдобра менаџерка во Европа“ Данела Арсовска во делот на изградбата на водоводна и канализациона мрежа.

Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем – долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години.

Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Муцунски пред нашите сограѓани од Аеродром јавно да одговори:

  1. Колкави ќе бидат каматите за задолжувањето и дали гарантира дека општината нема да има блокирани сметки во следните 10 години?
  2. Како успеа за само една година Аеродром од најбогата општина во државата, да ја претвори во општина која тоне во долгови?
  3. Во која програма го вети пред граѓаните задолжувањето од 5,4 милиони евра?“, истакна Ристевски.

 

Tags: задолжувањеМуцунскиобврзницаОпштина Аеродром
Next Post

Ако менаџерите на продукција се уметници, тогаш зошто галеристите и врамувачите не се?

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk