Министерот за економија Крешник Бектеши на својот профил на фејсбук објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 проценти, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 проценти.
– Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 проценти заштеда на електрична енергија, што беше препорака од мерките на Владата, истакна Бектеши.
Министерот напиша дека мерките за штедење ги даваат првите резултати, информирајќи дека имаме повеќе од 15 отсто заштеда кај домаќинствата и кај малите потрошувачи, а тоа помага за справување со енергетската криза.