ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Џачка неподнослива бруталност е изјавата на британскиот министер Џенрик, кој Албанците ги нарекол криминалци

January 15, 2023 14:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, реагираше на изјавата на британскиот министер за емиграција, Роберт Џенрик, кој изјавил дека „Албанците-криминалци треба да се истераат од Обединетото Кралство“.

Во својата реакција објавена на социјалните мрежи таа оценува дека е „срамно раздвојување на заедница од министер со демократски принципи што враќа страшни спомени со неподнослива бруталност.

-Вербален линч на цела нација на јазик кој звучи како министерот да ја најавува отворената сезона за Албанците само неколку недели по заедничкото коминике меѓу премиерот на Република Албанија и тој на Велика Британија, каде што тие позитивно ја оценија улогата на албанската дијаспора во Британија и нејзиниот важен придонес за културата, економијата и општеството на двете земји. Срамно раздвојување на заедница од министер со демократски принципи што враќа страшни спомени со неподнослива бруталност, пишува Џачка.

Претходно, на крајот на октомври, лани, министерката за внатрешни работи, Суела Браверман Албанците кои илегално одат во Велика Британија ги опишала како криминалци, велејќи дека ја окупираат земјата, на што остро реагираше премерот Еди Рама.

Тој ја нападна владата на Велика Британија, велејќи дека Лондон мора да престане да ги обвинува Албанците за сопствените „неуспеси во политиката“, наведувајќи дека 70 отсто од 140.000 Албанци кои живеат во Велика Британија се интегрирани во тамошното општество.

Веднаш следуваше реакција од кабинетот на премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, во кое стоеше дека Британија останува посветена на борбата против трговијата со луѓе и дека има силни односи со Албанија.

Инаку, минатата година од над 45 илјади лица кои илегално со моторни чамци преку каналот влегле на британска територија, најмалку 13 илјади биле албански државјани.

Извор: МИА

Tags: АлбанијаРипи СунакЏачка
Next Post

Пет загинати и 15 повредени во напад во црква во Конго

НАЈНОВО

Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата – 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

August 18, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео споделено од Игор Сушко на Х

Руската пропаганда, само неколку дена по самитот Трамп-Путин, споделува видео од американско оклопно возило со руски и американски знамиња во напад на украинските позиции

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk