ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Обилниот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките и маслодајните растенија

January 16, 2023 10:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Жетвата на житарките на јужната хемисфера е во полн ек. Од Австралија доаѓаат вести дека станува збор за рекордни приноси, особено за пченицата. Во првата недела од јануари биле ожнеани околу 80 отсто од површините под житарки, а се очекува род од околу 42 милиони тони, пишува Agrarheute. Сето тоа создава притисок врз ограничената логистика, но и врз цените.

Така, крајот на неделата донесе пад на цените на парискиот MATIF. Цената на пченицата падна за 1,79 евра/т на 291,25 евра/т.

За пченката изнесуваше 284 евра/т, додека за маслодајната репка стигна до 569 евра/т.

Извештајот на USDA за прогнозата на житарките го поддржа зголемувањето на цените, но имаше доволно информации за да ја поткопа силата на тие проценки. На американската берза CBoT анализите покажале слаб раст и достигнале 251,49 евра/тон за пченицата. Кај пченката цената е зголемена за 2,48 отсто и изнесува 243,43 евра/т.

Причината за тоа е пониската проценка на реколтата и зголемениот увоз од Бразил и Украина. За тон соја требало да се издвојат 517,88 евра. Најголем пораст има цената на овесот, која е зголемена за 3,44 отсто и изнесува 229,35 евра/т.

Залихите на пченица во САД се проценети на помалку од очекуваното, односно на 34,8 милиони тони. Но, земјоделците посеале повеќе зимска пченица, 14,95 милиони хектари, што е 1,5 милиони хектари повеќе од претходната сезона. Проценките за жетвата во Русија зборуваат за количина која надминува 100 милиони тони. Прогнозите за Европската Унија и Украина исто така се зголемени, додека за Аргентина се намалени на 12,5 милиони тони, која беше погодена од сушата.

Глобалната проценка на залихите за сезоната 2022/2023 е 268,4 милиони тони, што е за 1,1 милион тони повеќе од претходните проценки.

Во Австралија се појавиле логистички проблеми поради обилниот род на пченицата. Со посилно инвестирање сакаат да овозможат поголем извозен потенцијал, кој достигна 26 милиони тони во маркетиншката 2021/22 година од вкупно ожнеани 50 милиони тони.

И во Бразил имаат проблеми со голем род, но на соја. Бразил е најголемиот светски извозник на соја. На домашниот пазар годишно обично се трошат од 45 до 50 милиони тони, а речиси се останато се извезува.

„Не сум сигурен дека на светот му се потребни 100 милиони тони соја од Бразил“, вели Кори Мелби од тамошна консултантска фирма. Во исто време, цените на производствените трошоци се зголемија и се очекува да продолжат да растат.

Областите под соја достигнаа највисока бројка досега. Засеани се 43,3 милиони хектари. Во декември, локалната земјоделска администрација CONAB ја процени жетвата, која штотуку започна, на 153,47 милиони тони. Ова доведе до пад на цените и намалување на еуфоријата за приносите. Претходно се очекуваше тие да останат високо на светскиот и на домашниот пазар.

Извор: Агротим

 

Tags: АвстралијаБразилжитарки
Next Post

Во рускиот напад на Днипро бројот на загинати се искачи на 35 лица, убиени и две деца

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk