Јавна тајна е дека веќе е започнато одбројувањето, изборите ќе се одржат или во април или во мај, истакнал премиерот на Грција Киријакос Мицотакис говорејќи на состанок на Нова демократија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Мицотакис објаснил дека вторите избори ќе бидат четири до пет седмици подоцна, посочил дека целта на Нова демократија е да добие можност за формирање еднопартиска Влада, паралелно изразувајќи оптимизам за конечниот резултат.
-Многу сум оптимист за изборите.Ги гледам рејтинзите, но пред сè го гледам народот. Атмосферата е многу добра, рекол Мицотакис