Министерството за образование и наука информира дека во текот на следната недела ќе се реализираат исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк.
-Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата на Република Северна Македонија.
Програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што МОН ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кои учениците и студентите, информира Министерство за образование и наука.