ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Откази во американски медиуми поради лоша економска состојба

January 22, 2023 19:00
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ

Си-Ен-Ен, Вокс, Вашингтон Пост …оваа зима е одбележана со нова серија отпуштања во американски медиуми, тренд што продолжува во услови на несоодветна економска клима, пренесе Франс 24.

„Јас сум дел од отпуштањата на Ен-Би-Си (@NBCInvestigates. . . .) Ќе ми недостига мојата работа, но благодарна сум за моето време овде“, напиша Емили Сигел на Твитер. Голем број нејзини колеги и новинари од Ем-Ес-Ен-Би-Си или Си-Ен-Ен, на пример, на социјалните мрежи објавија дека се отпуштени, уште во декември.

Во петокот, вработени во VoxMedia сопственици на Вокс, The Verge, SB Nation и New York Magazine добија идентични мејлови од нивниот шеф, Џим Банкоф, објавувајќи ја „тешката одлукÐ ° да се разделиме со речиси 7 отсто од нашиот персонал“, вклучувајќи ги и редакциите поради тешката економска состојба“.

Многу од засегнатите – речиси 130 од вкупно 1.900 – се огласија на социјалните мрежи за да го изразат својот гнев или збунетост, како што е Меган Мекарон, новинарка која „девет и пол години“ работеше за специјализираната веб-страница за ресторани Eater, и која беше отпуштена „во 37-та недела“ од бременоста.

Отпуштањата во медиумите не се на скалата на оние во големите високотехнолошки компании како Гугл (кои завчера укинаа 12.000 работни места), но медиумите се исто така погодени од „падот на приходите од реклами и забавувањето на економијата“ објасни Крис Рауш, професор по новинарство на Факултетот за комуникации на Универзитетот Квинипиак во Конектикат.

„Многу од нив се развиваа со надеж дека ќе ја зголемат својата публика на одредено ниво. Ова не се случи и не е особено веројатно да се случи со оглед на економскиот контекст“, додаде тој.

Работните места во редакциите ширум САД долго се намалуваат, при што бројот на новинари се намали од 114.000 во 2008 година на 85.000 во 2020 година, според студијата на Истражувачкиот центар Пју од 2021 година.

Извор: МИА

Tags: американски медиумилоша економска состојбаоткази
Next Post

Шаќири најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по математика и општество за второ одделение

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk