ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Формиран Локален економски совет на Крива Паланка

January 23, 2023 18:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Сопственици, управители и директори од разни компании и занаетчии од Општина Крива Паланка ја прифатија поканата на градоначалникот, Сашко Митовски, и се вклучија во иницијативата за формирање Локален економски совет, тело кое преку генерирање добри идеи и бизнис анализи треба да влијае на економската слика во Крива Паланка, да привлекува инвестиции и овозможи отворање нови работни места.

Митовски рече дека Локалниот економски совет ќе биде симбиоза на локалното стопанство, со општината, јавниот сектор, чаршијата и здруженијата на граѓани, со цел да се идентификуваат и решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на Општина Крива Паланка.
Тој се заблагодари на присутните за бројноста и посака плодна и успешна работа, истакнувајќи дека на Локалниот економски совет му претстојат големи предизвици што ги носи глобалната економска состојба и ќе треба мудро и трпеливо да се работи за развој на стратешките економски прашања и изнаоѓање  решенија за актуелни проблеми.
-Предлозите, сугестиите, идеите и критиките на Локалниот економски совет ќе бидат дел од сите активности, мерки и стратегии за развој на локалната економија со цел подобрување на бизнис климата и животот во Крива Паланка, рече Митовски.
На првата конститутивна седница беа избрани членови на советот кои ќе ги вложат своите лични капацитети за подобрување на животот во градот.
На состанокот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој ја поздрави оваа иницијатива на Митовски и порача дека Крива Паланка е пример – општина која стана препознатлива како чист град, град со одличен потенцијал за развој на алтернативниот и планински туризам. Тој пред присутните ги најави најновите мерки од ИПАРД 3 програмата преку која за Република Северна Македонија ќе има на располагање вкупно 37 милиони евра, неповратни стредства за бизнис секторот.
-Крива Паланка благодарение на работата и на градоначалникот и на администрацијата, е во финална фаза на донесување на Генералниот урбанистички план, основа за локалниот економски развој, финишира и изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка и се проектира експресен пат Романовце -Страцин, со што ќе се создадат реални услови за уште поголем развој на Крива Паланка. Владата работи и на мастер планот за Царев Врв, така што работиме интензивно, треба да се подигне квалитетот на животот и младите да имаат желба да останат да живеат тука, рече Николовски.
Одделението за ЛЕР на Општина Крива Паланка го презентираше и петгодишниот план за локален економски развој на општината што тековно се изготвува со поддршка од УСАИД.
Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Крива ПаланкаЛокален економски советЉупчо НиколовскиСашо Митовски

НАЈНОВО

Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Пендаровски: Давкова е невидлива и не се прашува за ништо

June 1, 2025
Фото: Фронтлајн

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

June 1, 2025

Дарио Ивановски и Фросина Михајловска победници на полумаратонот „Охрид трчаТ“

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk