ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска на годишниот брифинг со одбранбени аташеи: во 2023 година продолжуваме со силно темпо да ја модернизираме Армијата

January 23, 2023 19:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Изминатата година беше година на предизвици. Руската агресија врз Украина покажа дека мирот и безбедноста не треба да ги земаме здраво за готово и дека овој конфликт има негативен ефект и врз економиите и енергетскиот сектор. Но, тоа беше година во која и НАТО направи вистински чекори – беше донесен новиот Стратешки концепт кој јасно укажа дека НАТО е одбранбена Алијанса и дека никој не треба да се сомнева во силата и одлучноста на Алијансата да ја одбрани секоја педа сојузничка територија“, рече министерката Славјанка Петровска во воведното обраќање на редовниот годишен брифинг со одбранбени аташеи организиран во Регионалниот центар за односи со јавноста во Скопје.

Министерката порача дека оваа година фокусот е ставен на развојот на капацитетите, а тоа може да се види и преку растот на одбранбениот буџет, кој во 2023 година изнесува 274 милиони евра, односно 1,85% од бруто-домашниот производ и е поголем за над 24% од буџетот за 2022 година.

„Развој без соодветно буџетирање не е можен. Факт е дека одбранбениот буџет последните неколку години бележи нагорна линија и согласно планот, ќе достигне 2% од БДП до 2024 година. Ако имаме предвид дека во 2015 година, буџетот бил само 94,4 милиони евра, можеме да видиме дека денеска сме сериозно посветени на развојот на армиските капацитети и дека таа посветеност денеска не е само политичка порака, туку реалност“, рече министерката.

Петровска се осврна и на процентот од буџетот кој се одвојува за модернизација и опремување, кој годинава изнесува повеќе од една третина, што, како што рече, е гарант дека плановите за модернизација ќе продолжат да се исполнуваат.

„Од 274 милиони евра, 33%, или 88,7 милиони евра се алоцирани за модернизација и опремување. Првите 6 транспортери од типот JLTV Oshkosh се веќе пристигнати, а продолжуваме со набавка и на оклопни транспортери од типот Stryker, други специјализирани возила, системи за против-воздушна одбрана, опрема за сајбер-одбрана. Сето ова ќе ја направи Армијата поспособна, а колективната одбрана посилна“, истакна Петровска.

На брифингот стана збор и за интензивната одбранбена соработка, при што министерката го истакна Стратешкиот дијалог со САД, реализацијата на Стратешки дијалог со Франција, како и особено интензивната соработка со Обединетото Кралство, Словенија и останатите сојузници во Алијансата.

Во контекст на развојот на човечките ресурси и мотивираноста на армиските припадници и вработените во одбраната, министерката ги спомена последните измени на Законот за служба во Армијата кои донесоа сет на мерки за подобрување на стандардот на офицерите, подофицерите и професионалните војници, како и Законот за вработени во одбраната кој е во фаза на донесување.

На состанокот стана збор и за развојот на специфични капацитети, особено стратешките комуникации, при што министерката информираше за целосната активна транспарентност која ја спроведува Министерството, а се осврна и на процесот за развој на Регионалниот центар за односи со јавноста во еден вид НАТО Школа, како одговор на потребата на Алијансата за поголем број офицери и специјалисти за односи со јавноста на ниво на НАТО.

Одбранбените аташеи се запознаа и со учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисии и операции предводени од НАТО, ЕУ и Обединетите Нации.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: армијагодишен брифингНАТОодбранбени аташеиСлавјанка Петровска
Next Post

Ковачевски на Советот за безбедност: Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk