Бојан Богески – Боки возач и обезбедување на лидерот на Левица Димитар Апасиев во петокот вечерта во прилично алкохолизирана состојба во скопската населба Чаир провоцирал и навредувал по етничка линија, влегол во конфликт со граѓани, како и со припадници на полицијата, по што го излвлекол поделебиот крај, пренесува 24 Инфо.
Среде Чаир Богески навредувал и им се заканувал на етнички Албанци, а тоа го потврдуваат и дуќанџиите кои биле присутни во моментот, а кои нашата редакција ги контактираше.
Боки бил приведен од интервентата полиција поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради омаловажување на службените лице и непостапување по наредба на полициски службеници
Претходно, различни медиуми пишуваа дека синоќа Боки, телохранителот и возач на Апасиев бил казнет затоа што пијан управувал со автомобил, а воопшто и немал возачка дозвола.
24инфо од свои извори во МВР дознава дека Бојан Богески – Боки и претходно бил сакциониран поради возење без возачка дозвола и поради возење во алкохолизирана состојба.
Политичката партија Левица денеска го демантираше овој случај, тврдејќи дека посоченото лице не е обезбедување на Апасиев, туку дека бил дел од нивниот партиски сектор Безбедност, иако на многу фотографии се гледа дека Богески дејствува каком лично обезбедување на лидерот на Левица.
Извор: 24 Инфо