ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасадата на САД во Приштина ги повика невладините, политичарите и дипломатите на дискусија за формирањето на Заедницата на српските општини

January 25, 2023 16:15
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Американската амбасада во Приштина, најави дека на 31 јануари ќе одржи дискусија за Заедницата на српските општини (ЗСО) во Косово.

„Покануваме разновидна група лидери на граѓанското општество, владини претставници, политички лидери и дипломати да разговараат за ова важно прашање, пренесува РСЕ.

Косово и Србија постигнаа договор за ЗСО во 2013 година, а потоа во 2015 година за принципите за нејзино формирање. Во 2015 година, Уставниот суд на Косово утврди дека договорот не е во целосна усогласеност со Уставот.

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ во декември изјави дека, доколку Владата на Косово не најде начин да ја формира ЗСО, САД ќе бараат „алтернативни партнери“.

Тој рече дека овие партнери можат да бидат од граѓанско општество, мултиетнички групи или институти, поточно субјекти кои можат да понудат идеи, врз основа на кои може да се создаде ЗСО, без да се нарушува Уставот на Косово.

Србија бара Косово да ги спроведе постигнатите договори, но косовската влада се изјасни дека е против моноетничко заедница.

Од американската амбасада изјавија дека нејзината цел е „да го унапреди меѓусебното разбирање за посветеноста на Асоцијацијата, како поддршка на дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ“.

„Ние ја организираме оваа дискусија, во согласност со нашата цел да ја унапредиме интеграцијата на Косово во европските и евроатлантските структури, но и како одраз на нашето долгогодишно пријателство и поддршка за народот на Косово„

Трите опции за Косово во случај на отфрлање на формирање Заедницата на општини со српско мнозинство

Универзитетски професор Милазим Красниќи

Експертот за политички прашања, универзитетскиот професор Милазим Красниќи од Приштина, за Цивил Медиа истакна дека не е во интерес ниту на Косово, ниту на САД да се урне Владата, додавајќи дека во интерес на оваа Влада е да се умерени, да стане страна која соработува со Европската унија и Вашингтон.

„Доколку тоа не се случи, тогаш може да се случи целосна изолација на Косово, што би имало економски, политички и дипломатски последици. Друга верзија е едностраното формирање на Заедницата од страна на Србите, а како што знаете косовските институции немаат пристап таму, а третата верзија би била рушење на Владата или избори. Опциите се отворени, но она што сега е познато е дека Вашингтон и Брисел се решени да ја основаат Асоцијацијата и по нејзиното формирање да тргнат кон договор според француско-германскиот план“.

Газмир Раци, оветник на Едита Тахири, поранешна вицепремиерка и лидерка на косовскиот тим во техничките разговори со Србија

Газмир Раци, советник на Едита Тахири, поранешна вицепремиерка и лидерка на косовскиот тим во техничките разговори со Србија, за Цивил Медиа изјави дека нема потреба за стравувања од спроведувањето на француско – германанскиот договор.

„Нема зошто да стравуваме од спроведувањето на договорот, бидејќи сега имаме нова ситуација, по одлуката на Уставниот суд, така што третманот на овој договор треба да биде усогласено со препораките од одлуката, бидејќи и Косово и Србија, со меѓународно присуство во 2015 година се сложиле дека што и да се случи со Заедницата, Уставниот суд на Република Косово ќе го даде последниот збор, со верификација на уставноста на договорот“.

Н. Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗСОКосово
Next Post

Украина воведе санкции за деветмина свештеници на Руската православна црква во Украина и бизнисменот Новински

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk