ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Антоновски: МИА како носечки чинител во медиумскиот простор мора да има стабилност

January 25, 2023 16:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ

Генералниот директор на МИА, Драган Антоновски денеска на презентацијата на проектот „ЕУ за слободата на изразување: Усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди” пред учесниците изрази сугестија и забелешка дека државната агенција во оваа фаза воопшто не е ставена во фокус на реформите и усогласувањата со стандардите на ЕУ, потенцирајќи дека МИА е апсолутно сериозен и носечки чинител во медиумската заедница и медиумскиот простор.

Тој истакна дека сите посочени проблеми и медиумските провокации, кои беа изнесени на денешниот настан подеднакво ја засегнуваат и МИА, особено во делот на пиратеријата, институционалната независност, предвидливост и одржливост, односно дефинирање и самостојно располагање со средствата и буџетот, што ќе овозможи непречен медиумски развој.

Антоновски побара МИА да биде вклучена во овие процеси и додаде дека Агенцијата таква поддршка досега добила од ОБСЕ и ЗНМ, кои ќе учествуваат во процесот на отворање дебата за носење посебен закон за државната агенција. Тој  додаде дека суштински е и ЕУ, да ја вгради МИА во она што значи европски медиумски стандарди и усогласување со европската регулатива.

– Колку за Ваша информација МИА ја користат сите странски амбасади и меѓународни организации, сите онлајн  медиуми, телевизии и печатени медиуми и МИА сериозно влијае врз медиумската писменост и активно учествува во борбата против дезинформациите, кои се пласираат во земјава и во регионот. МИА има размена со сите балкански и голем број европски агенции. Поради тоа МИА мора да има стабилност, предвидливост на буџетот и одржливост, порача Антоновски.

Усогласување на законодавството со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, зајакнување на институционалниот капацитет и независноста на националното регулаторно тело за медиуми (АВМУ) за да се гарантира имплементацијата на правната рамка, унапредување на правната рамка за националниот јавен радиодифузен сервис (МРТ), според европските стандарди и обезбедување негова финансиска стабилност и независност, анализа на медиумскиот пазар и предлагање политики и законски решенија за подобрување на конкурентноста, одржливоста и плурализмот, давање препораки за правни, регулаторни и саморегулаторни механизми со кои може да се одговори на предизвиците што ги поставува новото дигитално медиумско опкружување, како и унапредување на законската заштита на социјалните и работничките права на новинарите. Ова се клучните цели на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”, чиј старт беше означен денеска.

На денешниот настан во организација на Делегацијата на ЕУ во Скопје, учествуваа сите релевантни чинители во процесот на усогласување на медиумската регулатива со таа на ЕУ. А заклучокот беше дека до крајот на април или почетокот на мај ќе се излезе со конечниот нацрт-закон, на што ќе претходат јавни расправи за изнаоѓање најдобри решенија за медиумското работење, согласно европските стандарди.

Носители на проектот се Министерството за информатичко општество и јавна администрација и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Доколку до 31 мај не се постигне усогласување на националното законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија, Северна Македонија ќе изгуби пристап до програмата Креативна Европа.

Tags: „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“Драган АнтоновскиМИА
Next Post
Скок на Леопард 2 (Wikimedia Commons)

Украинската амбасадорка Дир за одлуката на Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk