„Христијан Мицкоски исплашен за својата фотелја, продолжува да пласира едни исти лаги во кои веќе не верува ни членството на неговата партија. Дејствувајќи против интересите на граѓаните и државата, мешајќи се во работата на градоначалниците, Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на неговиот ментор Никола Груевски“, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека „се што Мицкоски има зад себе се лажни вести и дезинформации и отстуство на став за најважните државни прашања“.
„Токму поради тоа, во последно време стана заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев и затоа Мицкоски често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, а се со цел да не заостане зад Аласиев. Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст“, се наведува во соопштението од СДСМ.