ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката во „Софтвери“

January 26, 2023 11:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, обвинет во случајот „Софтвери“, соопшти дека е поднесена кривична пријава против обвинителката Ивана Трајчевска која го води предметот и против стручен соработник во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради неизвршување на своите работни задачи, сокривање и монтирање на кривично правни предмети, со цел создавање погрешна перцепција во јавноста.

– Со цел да предизвика омраза кај јавноста, основната јавна обвинителка која го водеше и се уште го води случајот „Софтвери” ја излажа и се уште ја лаже целата македонска јавност. Поднесена е Кривична пријава против И.Т како јавен обвинител и против стручен соработник О.А. во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. При тоа, ова нема да е последната кривична пријава, туку е една меѓу првите, За истото е веќе поднесена и претставка за нејзината работа до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сето ова ќе биде известена во детали и целата меѓународна заедница, наведува Рашковски во дописот до медиумите.

Тој во неколку точки ги посочува конкретно причините за поднесената пријава против обвинителката и стручниот сосработник.

– Првопријавената како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за геноње на организиран криминал и корпупција на ден 20.05.2021 година доставила барање за доставување на документација до Генерален секретаријат на Република Северна Македонија под број КО 36/21. На истото барање од страна на генералниот секретаријат и е одговорено со допис број 45-5165/11 во кој од страна на Генералниот секретаријат е наведено дека:
• Ве известуваме дека примопредавање е извршено на целокупната опрема која е наведена и во двата предметни договори
• Исто така, примопредавање е извршено и на двата споменати софтвери и истите се инсталирани на компјутери кои се во сопственост на Владата на Република Северна Македонија
• Дополнително, исто така со цел да се утврди дали постои предметната опрема на 26.05 и 25.05.2021 година извршен е попис за кој е составен извештај број 11-5772/3 од 01.06.2021 година при што е утврдено дека истата постои и е согласно предметните договори
• Во прилог се наведени Записници од технички прием и предавање на опрема од наведените софтверски решенија и опрема, наведува Рашковски.
Оштетените, како што посочува, го побарале ваквиот допис од Генералниот секратријат со два дописи при што и со допис од 07.03.2022 година под број 46-687/7 потшишан од тогашниот генерален секретар, како и со допис 46-10949/13 од 29.12.2022 година потпишано од сегашниот генерален секретар на Владата е потврдено и е доставена копија од дописот кој првопријавената и второпријавениот го скриле и со тоа сторил повеќе кривични дела

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Софтвери“Драги РашковскиИвана Трајчевска

НАЈНОВО

Туск: Руски брод од „флотата во сенка“ изведува сомнителни маневри во Балтичко Море

May 21, 2025
Скриншот

Доналд Трамп помладиот не ја исклучи можноста некогаш да се кандидира за претседател

May 21, 2025

Јавноста ќе има се на увид и за секој цент којшто ќе биде потрошен од стратешкиот договор со Обединетото Кралство, уверува премиерот Мицкоски

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Случајно пронајдена бистата на Џим Морисон по речиси четири децении

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk