ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чернева: Секогаш кога ќе замириса на избори ескалираат тензиите во односите меѓу Скопје и Софија

January 27, 2023 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам кој треба да придонесе за намалување на тензиите и за идентификување на појавите на омраза, кој е јасно наведен во Протоколот што лани го потпишаа министерствата за надворешни работи на двете земји, но тој не се спроведува, вели советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева.

– Не можеме да кажеме дека нема доволно инструменти, вели Чернева во интервју за емисијата „Пред сите“ на Бугарското национално радио (БНР), коментирајќи го најновиот развој на настаните меѓу Скопје и Софија.

Чернева потенцира дека последните месеци е видливо зголемување на тензиите во меѓусебните односи, додавајќи дека ваков тип на ескалации има секогаш кога ќе „замириса на избори“.

– Од двете страни на границата има партии кои ги користат тензиите за да го подигнат својот рејтинг, заклучува Чернева.

Таа смета дека во вакви услови обичните луѓе се наоѓаат во средини изложени на притисок на „екстремите од двете страни“ и стануваат жртви на таквиот притисок.

– Тоа се процеси кои не оддалечуваат од срцето на евроинтеграциите и не ставаат во маргинална позиција, затоа што се занимаваме со билатерални кавги. Квалитетот на нашето европско членство се повеќе слабее, додава Чернева.

Според неа, ваквото зголемување на тензиите „дополнително им го отежнува животот на Бугарите во Република Северна Македонија“.

– Видовме како бугарски европратеник му се заканува на македонскиот претседател со атентат. Ваквиот тип на закани не треба да бидат дел од билатералните односи. Одржувањето на добар тон и пристојност ќе им помогне на Бугарите кои живеат во Северна Македонија многу повеќе од овој прилично неодговорен пристап, смета Чернева.

Таа нагласува дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје претставува „несоодветен гест“, бидејќи такви чекори се преземаат во „исклучителни ситуации“.

– Оваа ситуација почнува да ми изгледа како намерна. Многу е лесно да се предизвика надолна траекторијата во билатералните односи. Тешко е спротивното – да се создаде амбиент во кој нема да се случуваат такви работи, вели Чернева, додавајќи дека „по толку години непријателство“ работите не може да се остават да се случуваат сами од себе

Tags: Бугарија и Северна МакедонијаВесела ЧерневаКирил Петков
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Истрага од албанските власти за аферата Мекгонигал, ФЕС со Нацрт-статут за Заедницата на српските општини во Косово

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk