ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Културата е скапа, некултурата е уште поскапа

January 30, 2023 14:24
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Капитални инвестиции во културата не се оние ако инвестирате во театар чии темели се потонати во вода, изградба на споменици на кои ќе се плашите да им го изговорите името, или ако го преслечето минатото. Тоа е скрнавење а не инвестиција, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот панел насловен „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ како дел од владината годишна конференција „Година на нови можности“, што денеска и утре се одржува во хотелот „Александар палас“.

Според Костадиновска-Стојчевска влогот во културата е влог во нашата потпора а бенефитот во културата не се мери само како економски бенефит.

„Ако знаеме дека во најкризните времиња во историјата се создадени најголемите уметнички дела, јасно е дека капиталните инвестиции во културата треба да се гледаат во поширок контекст, и влогот во т.н жива култура и уметничкиот капацитет е многу важен. Дали на нашите великани Конески, Рацин, Мисирков, им биле потребни капитални инвестиции за да творат, или пак на Личеноски, Мазев, Чемерески да сликаат? Секако дека за креативниот капитал не се потребни некакви грандиозни инвестиции“. рече Костадиновска-Стојческа.

Министерката смета дека мора да се ослободиме од стиропорот и невкусот и да се ориентираме кон живата култура.

„Нашата заложба која е приоритет на оваа Влада за културата, се инвестиции во живата култура. Секако, инвестираме во реставрација на спомениците на културата како Ангелот од Курбиново, спомениците на НОБ, дигитализација на архивите на Институтот за македонски јазик.  За нас е важно да градиме простор со љубов, во кој ќе живее нашето вчера, денес и утре. Иако живееме во криза, мора да инвестираме, бидејќи културата е скапа, но не културата е уште поскапа“., истакна министерката за култура.

Панелот  „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ на кој се разговара за капиталните инфраструктирни инвестиции, но и за достигнувањата и плановите, како и остварените и планирани капитални инвестиции во образованието, културата и животната средина, е во тек.

А. Василевска / НоваТВ

Tags: „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“александар паласБисера Костадиновска СтојчевскаМинистерство за Култура
Next Post

Шаќири: Во 2023 година ги градиме ФИНКИ и Универзитетот „Мајка Тереза“

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk