Љубчо Георгиевски во гостувањето емисијата кај Васко Ефтов рече дека во негово време Борис Стојменов, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски немаат една банка донесено во ВМРО-ДПМНЕ.
„Стојменов беше неспособен и сите работи ги тераше за себе. Ми зборуваа за него дека е антиреформатор. Од светска банка и ММФ три пати ми кажаа дека не се работи со него. Монополизирал кај него да се печати се од министерствата, истакна Георгиевски.