ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Нема никаква дилема дека тоа што е право на вработените ќе се оствари

February 3, 2023 11:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема никаква дилема дека тоа што е право на вработените ќе се оствари. Тоа беше интенција што произлезе од нас во Министерството за финансии како раководство. И за да се направи едно разграничување, Министерството за финансии наспроти другите министерства, секое си има своја улога за разлика од другите ресорни министерства кои имаат програми, кои имаат инвестициски проекти, финансии е поддршка за сите институции во Влада, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на прашањето за ставот на ССМ којшто кажа дека бришењето на одредбата за зголемување на платите во МФ за 30 проценти, тој прави кривично дело, бидејќи тој сам донел одредба за зголемување на плати и и е должен да ја спроведе.

Тој повтори дека останува на ставот дека вработените што се директно поврзани со буџетските прашања, за него е исклучително важно да имаат соодветно вреднување за тоа што особено во областа на финансиите, сличен кадар на пазарот, вели, добива два до три пати повисока плата и треба да се реши тоа.

„Идејата беше во рамки на законот за буџети за што во таа област може да се даде таква можност, очигледно од правен аспект кога требаше да се имплементира и точно кога видовме како се пресметува како треба да се исплати имавме различни толкувања, и оставивме простор да се констатира што е реалната состојба, тоа што е согласно закон секој ќе го добие, нема никаква интенција дека се одзема одредено право и тоа прашање не беше резултат на преговори, ниту со вработените во финансии, ниту со синдикати. Тоа беше моја лична иницијатива раководството на Министерството, Затоа што гледавме реална потреба и притисок од пазарот“, рече тој.

Вели дека и за начинот на примена имаше различни толкувања. – За да не се изложам да трошам пари од буџетот, тоа се пари на граѓани, без да имам основа, штом ќе се утврди реалната основа, затоа уште еднаш сакам да потенцирам дека исто така пред два три дена имаше такво прашање во спротивна насока – министерот Бесими ги зголеми платите само на финансии, не е така, тврди тој.

Минатата година, кажа Бесими, исто го кажавме ние сме за системско решение – така го решивме со минималната плата, така беше со пензионерите и исто така со законот за државна администрација каде што во основата на целата државна администрација не само во финансии во основата влегува минималната плата, корекцијата, и тоа не треба синдикатите веќе во тој дел да се произнесуваат затоа што со таа измена на законот се обезбедува интегритетот и стандардот на вработените во администрација.

„Односно, кога ќе има прилагодување на минималната плата кога од 18.000 денари ќе се зголеми од прилика со пресметките за дополнителни 2.200  денари ќе стане 20.200 денари, прво во администрација нема да има никој под минималната плата што беше порано случај, но и сега не само на тие, на сите  што ги имаат усогласено нивните закони со Законот за државна администрација ќе имаат 2.200 денари раст на плати. Тоа значи дека државен советник што има највисока плата во администрацијата 39.000 денари, 2.200 е некаде 5 отсто и тоа важи за сите. Тие што имаат пониска плата можеби 7-8 и тоа важи за сите не само за финансии“, рече Бесими.

Додаде дека покрај ова, последните 3-4 години имало и неколку зголемувања во различни области.

„Имаше во судство 15 отсто и во обвинителство, имаше во образование 15 отсто, имаше претходно и во високо образование 8 и 7 отсто, во инспекторати три години по 10 отсто, имаше во здравство неколку зголемувања, има во МВР, во Армија, исто така и во други области како што се управување со кризи и други институции. Но, тоа што е важно системско решение веќе со минималната плата сите ќе имаат раст и тоа е предвидено во Буџетот. Во тек е од страна на МИОА како и МТСП и Финансии што се во таа работна група веќе има закон за ревидирање на плати за систем на плати во јавниот сектор. Нов закон за да најде системско решение и да се заштити стандардот и интегритетот и на вработените во јавниот сектор. Така што, тоа е прашање што се решава системски и тоа е најсоодветно затоа што со системското решавање секоја година зависно од растот на економијата, продуктивноста и зависно од инфлацијата соодветно ќе има прилагодување и на ниво на администрација и ќе има одредено усогласување“, рече тој.

ССМ вчера соопшти дека министерот Бесими со бришење на одредбата за зголемување на плата што, како што наведоа, самиот ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон Закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа. Бесими, според ССМ, е главната причина поради која 138 000 работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнаа генерален штрајк во јавниот сектор токму поради лошите политики и тоа што работници не го добија усогласување на нивните плати кое им следува согласно Закон.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Министерство за финансииплатиФатмир Бесими

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk