ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски на иста страна со МНР – бугарската декларација не е во согласност со договорената политика

February 3, 2023 15:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање да даде коментар за усвоената Декларација од бугарското Собрание со која се „осудува антибугарската реторика во Северна Македонија“, вели дека тоа не е во согласност со договорената политика за унапредување на меѓусебните односи.

-МНР имаше официјална реакција. Прво, со жалење и Министерството и јас констатирам дека собраниската декларација за наводна ескалација на агресивни антибугарски активности во Северна Македонија што се усвои на последниот ден од работата на Собранието на Бугарија, пред распишување на парламентарните избори не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство и волја за нејзино спроведување, рече Ковачевски.

Според него, со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, таа може исто така да оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности што негативно влијаат на односите помеѓу двете држави и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и правење на партнерски односи помеѓу двете држави.

-Секој чин на провокација од која било страна случајно или намерно во моментов станува дел од сценаријата во прилог на ескалација на состојбите и како таков сметаме дека е во спротивност на декларираните заложби за враќање на дипломатската агенда онаму каде што и е местото, односно во дипломатиите на двете држави. Би сакал и поконкретно за одредени делови да ви одговорам, а тоа е по однос на содржината на самата декларација. Северна Македонија во изминатиот период преку конкретни проекти и активности покажа дека посветено работи на спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка со Бугарија. Содржините што се наведени за постоење системски проблеми со правата и безбедноста на етничките Бугари во Северна Македонија, целосно се косат со институционално етаблираните факти од релевантни меѓународни институции кои го следат спроведувањето на човековите права на сите етнички заедници во Северна Македонија, вклучително и на бугарската. Тука би додал дека ние како држава сме веројатно држава во Европа па дури и во пошироки рамки која на највисоко ниво институционално, законски и процедурално ги има издигнато правата на етничките заедници во државата, нагласува тој.

Исто така, додаде премиерот, и МНР и поголем број други државни институции во повеќе наврати посочија дека Законот за фондации и здруженија не е насочен против здружување на ниту една етничка заедница, туку против принципот здружение на граѓани да носат имиња на контроверзни личности кои претставуваат провокација не само за етничките Македонци, туку и за сите други граѓани коишто живеат во Северна Македонија.

-И затоа во тој контекст не постои никаква правна основа ниту пак сериозен аргумент да се поврза работата на Историската комисија со измените на Законот за здруженија и фондации, бидејќи таа – Историската комисија ќе ја продолжи својата работа врз научно аргументирани и потврдени факти и нема никаква допирна точка со условите под кои се формираат и функционираат здруженијата на граѓани и фондации. Условот за носење на одлуки во Историската комисија е консензус на седум професори по историја на македонска страна и на седум професори по историја од бугарска страна. Без еден потпис нема договорено решение за ништо, кажа тој.

Ковачевски потенцира дека Северна Македонија не преговара со Бугарија за влез во ЕУ.

-Ние преговараме со 27 земји членки и Европската комисија за ЕУ и сме должни да ги спроведуваме обврските во однос на скрининг процесот со ЕУ којшто тече во најдобар ред. Остануваме исто така на ставот дека за случајот и за други случаи на провокации со физички напади коишто се случија во нашата држава институциите реагираа соодветно. Сторителите на прекршоците се приведени и се водат истражни дејствија коишто се во тек и коишто се одвиваат неселективно по ниту еден основ. И исто така, сите овие настани беа осудени од сите државни претставници на државата. Оттука, бројните изјави за вакви случаи сега веќе преточени и во содржината на декларацијата во бугарското Собрание ги сметам за преувеличени и неосновани кои на ниту еден начин не соодветствуваат на реалноста.

Во однос на тоа дали стравува од нова бугарска блокада, тој вели дека она што треба да правиме е да работиме напорно за да ги исполниме критериумите на ЕУ за полноправно членство.

-Прво, Северна Македонија апсолутно се придржува кон сите обврски и конвенции во однос на правата на сите етнички заедници во државата без исклучок која и да е таа и затоа ако продолжиме и во иднина да се придржуваме до нив што може да се види од сите извештаи на меѓународни институции не може да се стравува од каква било еднострана блокада. Она што треба да правиме е да работиме напорно за да ги исполниме критериумите на ЕУ за полноправно членство, дециден е Ковачевски.

Додека течат подготовките за одбележување на годишнината од раѓањето на Делчев, бугарското Собрание вчера усвои Декларација, во којашто, како што се вели, ја осудува „антибугарската реторика во Северна Македонија“. Бугарските пратеници едногласно со 185 гласа „за“ им наложија на македонските институции да донесат системски мерки за да запре говорот на омраза врз Бугарија во земјава. Во декларацијата се осудува, како што велат „злосторството направено врз Пендиков и за одлуките за ограничување на дејноста на бугарските здруженија. Според нив, „ако со ескалацијата на антибугарската кампања се загрози процесот на менување на Уставот, тоа ќе се одрази и врз интеграцискиот пат на Северна Македонија“.

На ова синоќа реагираше македонското МНР, кое со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“ не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи преку заемно уважување и почитување и укажува на отсуство на волја за нејзино спроведување.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: декларацијаДимитар КовачевскиСеверна МакедонијаСобрание
Next Post

Почина легендарниот моден дизајнер Пако Рабан

НАЈНОВО

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

October 9, 2025

Судот во Битола го одби предлогот за затворски притвор на осомничените во случајот со јавни набавки во РЕК Битола

October 9, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево, ќе ја создаде најголемата градска шума во Расадник

October 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова гимназија во Аеродром и трипати поголема поддршка за младински проекти, ветува Шукова

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk