Уапсени се тројца бугарски државјани, кои утрово навредуваа и турка полицајци на граничниот премин Деве Баир.
„Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35), А.Х (50) и Р.Х (54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, сопштуваат од МВР.