Нема навестување дека Русија и Украина се движат кон преговарачката маса, а шефот на ОН Антонио Гутереш издаде остро предупредување.
Генералниот секретар на ОН рече дека изгледите за мир „постојано се намалуваат“.
Гутереш истакна дека руската инвазија на Украина нанесува незапаметени страдања на украинскиот народ, „со длабоки глобални импликации“.
„Шансите за понатамошна ескалација и крвопролевање продолжуваат да растат. Се плашам дека светот не месечари во поширока војна. Се плашам дека тоа го прави со очи ширум отворени.“
Полска презема дополнителни чекори за зајакнување на своите одбранбени способности бидејќи руската војна во соседна Украина влегува во втората година.
А последиците од војната се премногу реални – во понеделникот во Киев се одржа погребот на војникот кој загина борејќи се на фронтот во источна Украина.
Тој беше убиен во жестоки артилериски борби во Бахмут против руските трупи минатиот месец.
Извор: Еуроњус
Преземено: НоваТВ