ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски – Дион: Се очекува Северна Македонија да го задржи правецот по којшто се развива

February 8, 2023 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако.

На состанокот е изразена јасна поддршка за правецот во којшто се развива нашата држава и очекување дека Република Северна Македонија ќе продолжи со натамошните чекори во евроинтеграциите, по членството во НАТО.

Поздравени се недвосмислените и цврсти политики на премиерот Ковачевски и на Владата, на линија на надворешната политика на Европската Унија, како и применливиот дијалог во државата и во добрососедските односи, преку коишто се доаѓа до решенија.

Оценето е дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија како пример за принципиелна демократска држава, којашто применува европски, прогресивни политики и вредности и дека токму поради тоа и заслужува да биде дел од Унијата.

При тоа е пренесена силна поддршка од премиерот Трудо и од Канада за натамошниот напредок на Северна Македонија во европските интеграции. Констатирано е и дека целиот Западен Балкан припаѓа на Европа и дека е од стратешко значење и за регионот и за Унијата, да продолжи проширувањето, со целосна интеграција.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционално добрите односи со Канада, засновани на пријателство и меѓусебно разбирање и за големата поддршка што ја има нашата држава, од Канада и конкретно од премиерот Трудо, во сите важни процеси за демократскиот напредок.

Ова пријателство меѓу двете држави, како што рече премиерот Ковачевски, има длабоки корени, ако се земе предвид дека заедницата на граѓани од Северна Македонија во Канада е вградена во развојот на Канада и дава значаен придонес во билатералните односи.

„Канада е земја на толеранција, признавање на различностите и почит кон сите луѓе, што нѐ прави уште поблиски како држави, иако сме на географска оддалеченост. Голема благодарност до Канада и до премиерот Трудо за сета поддршка за доброто и добрата иднина на граѓаните на Северна Македонија“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, соопшти дека во државата се формира европска коалиција којашто треба да го осигура европскиот пат, бидејќи другата опција е радикален национализам, за лични или туѓи интереси, што не е државен национален интерес, а е со штетни последици и во пошироки рамки.

Претседателот на Владата Ковачевски рече дека Владата продолжува со конструктивните политики и со јасна заштита на идентитетските определби. Паралелно со тоа се решаваат и тековните предизвици предизвикани од економско-енергетската криза. А изрази и очекување дека политичката и општествената јавност во земјата ќе бидат на висина на одговорноста кога станува збор за реализацијата на европската цел во интерес на квалитетот на живот на граѓаните во Република Северна Македонија.

Tags: Димитар КовачевскиКанадаРепублика Северна МакедонијаСтефан ДионЏастин Трудо
Next Post
Принтскрин

Николовски: Секој е добредојден во државата ако ѝ мисли добро и ако има чисти и добри намери

НАЈНОВО

Фото: Wikimedia Commons

Барак Обама ќе ги предводи предизборните митинзи на демократите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси

November 1, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk