Француската министерка за надворешни работи, Кетрин Колона повика на посилен меѓународен одговор на заканата од иранската програма за балистички проектили.
Колона го упати овој апел во телефонски разговор вчера со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Двајцата разговараа и за други теми, вклучувајќи ги Украина и Иран, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.
Колона и Блинкен ја истакнаа потребата Иран целосно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија, која минатата недела соопшти дека е недоследна во исполнувањето на своите нуклеарни обврски.
Француската министерка за надворешни работи и американскиот државен секретар уште еднаш ја изразија „целосната поддршка“ на нивните земји за Украина.
Тие, исто така, разговараа за ситуацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, вклучувајќи ги и напорите што се прават за решавање на конфликтот, соопшти француското Министерство за надворешни работи.