Страшно ме нервира Павле Трајанов со „цепидлачките“ изјави од типот: „прво да ја видам програмата на Таравари, па после ќе одлучам дали ќе гласам.“
Прво, Павле Т. не е премиер; тоа како прво, второ: од деца во училиште не учеа дека – или ни создаваа предрасуди – Албанците се некое диво племе, нешто меѓу луѓе и животни. Истиот манир, истата предрасуда ја користи и Павле Т.
Заборава дека денес Албанците се најревносни за Европеизација на земјата; само Македонците се тие кои гаат ресентимани од минатото, само тие се глупираат, сплеткарат, маваат сопки, само за да ги запрат Европските интеграции. И после ќе се чудиме зошто тие луѓе понекогаш немаат доверба во нас.
Зошто не би знаел Таравари да напише програма? Таравари не знае, а Трајанов знае? Не е само да ја напишеш програмата, треба истата и да ја браниш во јавност.
Од вакви типчиња ко Павле Трајанов се создава сомнеж, недоверба, расте цинизмот. Што е тој, филозоф, теоретичар на култура, полимат, премиер, што е Павле Трајанов?
Па покажи свест дека си широк. На чекор сме сѐ да истераме на прав пат, ама и ако не внимаваме имаме шанси да ја прокоцкаме и последна шанса за Европеизација. Запре ли тој воз, готово е, нема враќање.
Ова не е време на обична и сувопарна политика; во земјава оперираат опасни струи, служби, банди, подрумски заверенички групи, шпијунарија, целта им е запирање на Европските надежи. Сакам да верувам дека Павле Т. не е еден од тие.
На крајот на краиштата, ако не му се допаѓа распоредот на силите или најавената реконструкција во владата, па нека ја напушти. Лепа му куќа. Ама не е тој меродавен за Таравари.
Во оваа земја премиерот одлучува. Затоа премиери постојат. И молим лепо.
Ненад Јовановиќ
Објава на социјалните мрежи